БЕЗ ВЛЕЗНИ ТРОШОЦИ

Инвестициските фондови се достапни на инвеститорите речиси 100 години и претставуваат едноставен облик на зголемување на вредноста на средствата.

Инвестициски фонд е комбиниран имот на голем број инвеститори. Тоа значи, дека фондот работи со средствата на многубројни инвеститори, а е управуван на пазарите на капитал од страна на друштвото за управување со инвестициски фондови, во име и за сметка на инвеститорите и со цел да се зголеми вредноста на средствата.

Инвестициските фондови им овозможуваат на инвеститорите полесен и поисплатлив пристап до пазарите на капитал, а притоа преставуваат важен додаток на банкарското штедење и останатите облици на инвестирање. На тој начин, ваквиот тип на инвестирање ви овозможува пристап до пазарите на капитал, дури и со помали (месечни) износи. Бидејќи средствата на фондот се распределени помеѓу различни хартии од вредност, целосниот ризик на инвестициите е значително помал. Со фондовите, наместо инвеститори, управуваат портфолио менаџери со што се заштедува време и се добива професионална форма. Во исто време, овие професионалци се и строго регулирани, надгледувани и постојано се усовршуваат.

Зголемување на вредноста на средствата преку инвестициски фондови е многу транспарентно и ликвидно, бидејќи можете да го откупите назад целиот свој вложен износ во било кое време, делумно или пак целосно. Во секој момент знаете што се случува со вашите средства, а во исто време можете активно можете да ги прилагодите во однос на своите желби или животни потреби, така што можете да ги пренесете средствата помеѓу различни фондови во рамки на друштвото, а со тоа и да одбегнете одредени трошоци кои настануваат при исплаќањето на капитална добивка на вашата трансакциска сметка.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ! До крај на јануари 2022 година, имате единствена можност да вложувате БЕЗ ВЛЕЗНИ ТРОШОЦИ во нашите инвестициски фондови.