Известување за приватност на кандидати за вработување

Краток опис на процесот на обработка на личните податоци Селекција на кандидати за вработување во Генерали Инвесментс АД Скопје. Целта на ова известување и негов правен основ Ние ги обработуваме Вашите лични податоци врз основа на Законот за заштита на личните податоци (Сл. Весник на РСМ бр. 42 од 16.02.2020). Информациите во прилог на ова […]

  1. Краток опис на процесот на обработка на личните податоци

Селекција на кандидати за вработување во Генерали Инвесментс АД Скопје.

  1. Целта на ова известување и негов правен основ

Ние ги обработуваме Вашите лични податоци врз основа на Законот за заштита на личните податоци (Сл. Весник на РСМ бр. 42 од 16.02.2020).

Информациите во прилог на ова Известување се согласно членот 17 од Законот за заштита на личните податоци.

  1. Кој е Контролор?
  • Контролор е Генерали Инветсментс АД Скопје
  • За дополнителни информации за Генерали Инветсментс АД Скопје, посетете ја веб страната https://www.generali-investments.mk/
  1. За Кои лични податоци ви ги обработуваме и кој има пристап до нив?

Ние ви ги обработуваме оние лични податоци кои ги имате наведено во личната биографија што ни ја имате пратено.

Ги обработуваме податоците кои што Ве идентификуваат и Вашите контакт податоци (име, презиме, националност, датум на раѓање, e-mail адреса, телефонски број).

Исто така, може да обработуваме и друга документација која би ни ја пратиле во прилог на личната биографија, како на пример сертификати, препораки и слично.

До Вашите лични податоци пристап може да имаат:

Вработените одговорни за процедурата на избор на кандидати како Главниот извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје.

  1. Од каде ги добиваме Вашите лични податоци?

Директно од вас.

  1. Зошто ги обработуваме башите лични податоци и врз која законска основа?

Вашите лични податоци ги обработуваме за да избереме соодветен кандидат кој би ја пополнил отворената работна позиција.

Вашите лични податоци ги обработуваме како преддоговорна активност, односно законскиот основ на обработката е исполнување на договор каде што вие сте договорна страна или за преземање на активности на барање на субјектот на личните податоци пред негово пристапување кон договорот (чл. 10 ст. 1 ал. 2 од Законот за заштита на личните податоци).

  1. Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?

Времето на чување на Вашите лични биографии е следно:

  • За неизбраните кандидати – се чуваат 6 месеци
  • За избраните кандидати- се чуваат до вработување
  • За кандидатите кои доставуваат лични биографии без распишан оглас – се бришат
  1. Кои се Вашите права во однос на личните податоци?

Имате право да пристапите до личните податоци што ги обработуваме за Вас и до релевантни информации кои се однесуваат за тоа како ги обработуваме. Под одредени услови, имате право да побарате да ги избришеме вашите лични податоци или да ја ограничите нивната обработка. Имате право да приговорите на нашата обработка на Вашите лични податоци, во био кое време. Ние ќе го разглоедаме Вашето Барање, ќе донесеме одлука и ќе Ве известиме за истата.

Вашето Барање може да го испратите до Генерали Инвестментс АД Скопје преку пошта во затворен плик или преку e-mail на адресата Angelina.Metikos@generali-investments.mk

  1. Како да ја повлечете вашата согласност и кои би биле последиците?

N/A (Не е применливо)

  1. Автоматско донесување на одлуки

N/A (Не е применливо)

  1. Право на жалба за начинот на обработка на Вашите лични податоци

Доколку имате некакви забелешки или жалби во врска со начинот на кој што Ви ги обработуваме Вашите лични податоци, во секое време може да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци на e-mail на адресата Angelina.Metikos@generali-investments.mk

Исто така, во секое време имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци https://dzlp.mk/prizlnlp

  1. Контакт информации

Ве охрабруваме да не контактирате за секое прашање или поплака која би ја имале во однос на тоа како ги обработуваме Вашите лични податоци

Доколку сакате да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци, тоа може да го сторите преку e-mail адресата Angelina.Metikos@generali-investments.mk, или преку пошта со назнака до Офицер за заштита на личните податоци.

Поштенската адреса на Генерали Инвестментс АД Скопје е: Генерали Инвестментс АД Скопје, Бул. Партизански одреди бр. 14A/1-2, 1000 Скопје