ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРОМЕНИ НА ПРОСПЕКТОТ НА ГЕНЕРАЛИ ТОП БРЕНДОВИ

Поради усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за инвестицски фондови (Службен весник на РСМ бр. 150/2021), како и важечките подзаконски акти, Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје, изврши измени и дополнувања на Проспектот на отворениот инвестициски фонд ГЕНЕРАЛИ ТОП БРЕНДОВИ.

Имено, извршени се дополнувања во називот на Друштвото, постоечкиот идентификациски број на фондот е заменет со нов, изменет е делот за право на информираност од поглавјето кое ги уредува Деталите за основните карактеристики на уделите на фондот, потоа изменет е делот за Претпоставки под кои е дозволено да се покрене ликвидација на фондот, изменет е рокот за издавање потврда при издавање и откуп на удели, извршени се измени во делот за Еднократните уплати за купување на удели и Програмираните уплати за купување на удели.

Извршени се дополнувања во делот на “Планирана структура на портфолиото”, поточно додаден е дел за Одбивање на уплата од одреден инвеститор, додадени се Ризикот од друга договорна страна и Оперативен ризик и воедно е одреден нивниот степен на влијание во Проспектот.

Извршена е измена во делот Надоместоци и трошоци кои се наплатуваат од инвеститорот.

Направени се дополнувања со податоци за основање на ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје и извршени се усогласување на Проспектот согласно Правилникот за утврдување на нето вредноста на имотот на отворен и затворен инвестициски фонд и за пресметување на цената по удел или по акции во инвестицискиот фонд во деловите од Проспектот кои ја регулираат оваа материја.

Измените и дополнувањата на Проспектот на отворениот инвестициски фонд ГЕНЕРАЛИ ТОП БРЕНДОВИ се извршени по приемот на Решение од страна на Комисијата за хартии од вредност, со кое се одобрува Проспектот на отворениот инвестициски фонд ГЕНЕРАЛИ ТОП БРЕНДОВИ.

Содржината на проспектот, можете да ја прочитате на следниов линк ПРОСПЕКТ ГЕНЕРАЛИ ТОП БРЕНДОВИ.

 

Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски

фондови ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје,

бул. Партизански одреди бр.14А/1-2, 1000 Скопје