КД Фондови отсега Генерали Инвестментс

Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје, оваа година стана дел од меѓународната групација Generali, а во рамките на тоа и дел од семејството на друштвата за управување Generali Investments. Сите придобивки од досегашното управување со средствата остануваат исти, притоа се отвора пристап до сите глобални ресурси и пазари што ги нуди […]

Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје, оваа година стана дел од меѓународната групација Generali, а во рамките на тоа и дел од семејството на друштвата за управување Generali Investments. Сите придобивки од досегашното управување со средствата остануваат исти, притоа се отвора пристап до сите глобални ресурси и пазари што ги нуди една од најдобрите и најстарите меѓународни финансиски групации. Generali е една од најголемите меѓународни осигурителни компании, a Generali Investments е една од најголемите управувачи со средства во Европа.

Што значи ова?

КД Фондови се преименува во Генерали Инвестментс. Промената на името на компанијата ги промени и имињата на фондовите. Како резултат на ребрендирањето, се променија името и логото на компанијата, како и веб-страницата. Останатите работи, пред сè нашиот професионален тим, остануваат исти. Подолу е претставено новото име на Друштвото и на Фондовите:

 

НАЗИВ НА ДРУШТВОТО

Друштво за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје

КД Фондови АД Скопје

 

НОВ НАЗИВ

Друштво за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје

Генерали Инвестментс АД Скопје

 

ФОНДОВИ                                                                НОВ НАЗИВ

КД БРИК, акциски фонд                                    Генерали БРИК, акциски фонд

КД НОВА ЕУ, акциски фонд                             Генерали НОВА ЕУ, акциски фонд

КД Кеш Депозит, паричен фонд                       Генерали Кеш Депозит, паричен фонд

КД Топ Брендови, акциски фонд                      Генерали Топ Брендови, акциски фонд

 

Горди сме, што станавме дел од меѓународна екипа со победнички дух. Колку е голема глобалната Generali организација?

Generali е независна меѓународна финансиска групација основана во 1831 година, а денес е присутна во повеќе од 50 држави во светот. Илјадници професионалци се грижат за клиентите, а според Fortune Global 500 врз основа на индикаторите на продажба, профит, средства и пазарна вредност е рангирана меѓу 60-те најголеми компании во светот. Друштвото Generali Investments CEE, од кои и ние станавме дел, е најголемо друштво за управување во Централна и Источна Европа.

Иако сме компанија што најдобро ги познава потребите на инвеститорите, со професионален однос и долга традиција на управување со средства на нашиот пазар, отсега ќе станеме дел од меѓународен финансиски гигант кој нуди уште повеќе.

За сите дополнителни прашања може да ни се обратите на телефонскиот број 02 60 90 300 или на нашата електронска адреса info@generali-investments.mk.

 

Добре дојдовте во Генерали Инвестментс!