Коментар за тековните случувања

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

Првомајските и велигденските празници се зад нас и се враќа неделното резиме за тоа што се случува на пазарите. Пандемијата сè уште е главна тема на пазарите, иако има сè поразновидна форма. Во САД и Велика Британија, се чини дека е целосно ограничено влијанието на корона вирусот и вакцинацијата напредува многу успешно. Во последните неколку недели, вакцинацијата е забрзана во Европа и како резултат на тоа, ограничувањата на јавниот живот и услугите се отстрануваат побрзо. Но, во делови на Азија и Јужна Америка, пандемијата зема сè поголем замав, така што бројот на новоинфицирани во светот достигна нови рекордно највисоки нивоа. Индија е на насловните страници, но и некои други помалку развиени региони и земји имаат огромни проблеми со управувањето со кризи.

Но, последните денови низа аналитичари и прогнозери искажаа свои видувања околу идната економска состојба, како резултат на пандемијата, инфлацијата како резултат на огромно печатење пари, стеснување на синџирот за набавки, зголемени политички тензии помеѓу Западот и Кина и промените во даночната политика во САД и на глобално ниво. САД објавија повисоки даноци за богатите, а постигнат е некаков принципиелен договор меѓу САД и Европа глобалните корпорации да плаќаат повеќе отколку во минатото. Имплементацијата на сè ќе биде сложена операција, но очигледно завршува периодот на успешно „избегнување данок“, особено на технолошките компании. Загрижувачки е порастот на тензиите во областа на Пацификот. Притисокот врз Кина ескалира и кршењето на човековите права во моментов се користи како оружје, било да е тоа над Ујгури или Хонг Конг. Кина исто така сè поагресивно реагира на овие притисоци, па во последните денови пазарот се чини стана повнимателен и започна да вклучува повисок геополитички ризик во неговите стапки. Затоа, и ЕЦБ и ФЕД продолжуваат да ветуваат постојана стимулативна помош, иако од друга страна се зголемуваат очекувањата за пораст на каматните стапки во САД во втората половина на 2021 година. Ова е исто така поддржано од многу разновидни очекувања за инфлацијата. Додека централните банкари гарантираат дека скокот на инфлацијата во следните недели и месеци ќе биде само привремен, гледаме дека цените на материјалите или суровините растат неконтролирано, поради што компаниите исто така ја зголемуваат цената на производите. Неодамнешните соопштенија за резултатите посветија натпросечно внимание на зголемувањето на цените како резултат на растот на цените на инпутите и проблемите во синџирите на снабдување, што покажува дека компаниите сметаат дека ова е нешто што ќе има силно влијание врз резултатите, барем во летните месеци.

Пазарите ги толкуваат податоците од претходната точка на таков начин што берзите особено остануваат близу до рекордните нивоа, но одличните резултати од првиот квартал не успеаа да го поттикнат пазарот на повисоко ниво. Очигледно, инвеститорите стануваат повнимателни, а купувачите веднаш го искористуваат секој мал пад за дополнителни набавки, бидејќи учествата на слободни пари и ликвидност продолжуваат да бидат рекордни високи. Состојбата на пазарите на обврзници е исто така мирна, бидејќи централните банки во последниве денови излегуваат со соопштенија со забрзано темпо и ја одржуваат статус кво состојбата. Ликвидноста е одлична и стимулативните пакети продолжуваат да циркулираат во економијата. Ако ги погледнеме резултатите за првиот квартал и прогнозите на компаниите за летните месеци, ситуацијата е многу добра, а растот на профитот е рекорден, бидејќи минатогодишната пандемија беше во полн ек и нејзиното влијание врз деловното работење беше крајно негативно. Повторно се истакнуваат технолошките компании, кои продолжуваат да работат одлично, иако одзивот од пазарите беше многу млак. Инвеститорите очигледно веќе ги вклучиле овие резултати во постојните нивоа на цени. Автомобилски компании добро се снаоѓаат, продажбата на автомобили во април во САД е најголема во последните 15 години иако американските и јапонските, повеќе од европските, производителите се борат со недостиг на полупроводници, што станува сè пошироко распространет индустриски проблем. Компаниите за енергетика и материјали исто така работат одлично бидејќи цените и на енергенсите и материјалите растат.

Од друга страна, акциите на компаниите во секторот основна потрошувачка, дадоа особено разочарувачки резултати, каде што цените на влезните суровини растат побрзо од продажните цени, а ограничувањата на јавниот живот ја намалуваат продажбата. Со слични проблеми се соочува и здравствената индустрија, каде што тие се фокусираат на борба против пандемијата. Ограничувањето на контактите ја намалува потрошувачката на други лекови и препарати и како последица на тоа ги влошува резултатите на компаниите. Најжешки во моментот се чини дека се индустриските акции, каде што главниот ефект на стимулот доаѓа во наредните месеци, а особено во годините што следат. Европските финансиски компании исто така покажаа добри резултати, иако некои повторно се соочуваат со скандали во врска со лабавите контроли на деловните активности или премногу ризичните производи. Регионално, САД и Европа се усогласуваат оваа година со многу сличен принос на главните берзански индекси, со растечките пазари кои се разликуваат, каде Кина продолжува да ги „дисциплинира“ технолошките компании, а делови од Азија и Јужна Америка се соочуваат со лоша епидемиолошка слика и последователно на тоа приносите на нивните берзи малку заостануваат зад развиените пазари. Доларот останува на 1,20 УСД за евро и најверојатно ќе остане во тесен трговски опсег уште некое време во отсуство на големи геополитички поместувања.

Совети за инвеститорите:

Пандемијата, стимулативните пакети на владата и ликвидноста од централните банки и геополитиката ги формираат берзите. Според најновите резултати, акциите на компаниите од областа на технологијата и е-трговијата, како и работата од дома, остануваат сегменти со натпросечен раст на бизнисот, но со високи проценки и зајакнување на геополитичките фрикции, инвеститорите стануваат повнимателни. Обврзниците остануваат скапи, бидејќи приносите прилагодени на очекувањата за инфлацијата се мизерни, а заедно со негативните приноси од банкарските продукти, инвеститорите продолжуваат да бидат принудени кон инвестиции во акции и недвижнини. Диверзификацијата на портфолиото останува приоритет. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Можностите надвор од технолошкиот сектор остануваат привлечни поради пониските проценки, особено во сегментите на пазарот каде се очекува силна промена во деловното опкружување на подобро заради вакцините или влијанието на новите политики. Тежнината во форма на индивидуални учества треба да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова вклучува главно здравствена заштита (исто така преку демографските трендови), индустрија, поради инфраструктурните стимулации и грижата за животната средина, како резултат на преминот кон „зелена“ енергија и можеме да додадеме селективна потрошувачка индустрија. Меѓу регионите, Европа се издвојува според привлечноста, поради одличните дивидендни приноси и привлечните проценки, а нашиот регион на Централна и Југоисточна Европа е исто така интересен за мал дел од портфолиото. Енергијата и материјалите остануваат заштита од инфлација, иако проценките не се претерани во овие индустрии, но по значителниот раст во минатото, претпазливоста не е излишна. Финансиите, особено банките, остануваат шпекулативни инвестиции доколку инфлацијата ги надмине очекувањата. За малку потрпеливи инвеститори, атрактивните кинески акции остануваат во рамки на пазарите во развој, со оглед на гореспоменатиот зголемен геополитички ризик. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда потребно е да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума истатата потребно е да ја распределат на подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работењето од дома, почистата енергија, водењето бизнис во согласност со социјалните норми и придржувањето кон таканаречените препораки на ЕСГ се долгорочни трендови, а фокусирањето на долгорочните трендови историски е важна компонента при постигнување натпросечни приноси.