Коментар за тековните случувања

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

Средината на октомври носи смирување на ситуацијата, бидејќи оптимизмот се врати на пазарите по брзото закрепнување на Трамп и враќањето во предизборната битка. Ситуацијата е поддржана од посилните очекувања за економско закрепнување и очекувања за понатамошно стимулирање на економијата, како од централните банки така и од одделните влади. Започна и сезоната на објавување деловни резултати за третиот квартал. Очекувањата околу американските компании се оптимистички, особено за технолошките компании, а некои европски компании се приклучија на овој оптимизам во последната недела. Автомобилската индустрија во Европа се покажува подобри резултати, продажбата на електрични автомобили силно расте, што го зголемува оптимизмот. Некои компании поврзани со работа од дома и е-трговија ги зголемија своите прогнози. Од друга страна растот на ограничувањата во секојдневниот живот како резултат на зголемениот број на заразени со Ковид-19 го зголемува притисокот врз компаниите од услужниот сектор. Така, најголемите европски аеродромски оператори Фрапорт и Винчи продолжуваат да пријавуваат пад на патничкиот сообраќај за околу 80% во споредба со истиот период минатата година, и овој пад ќе се зголемува уште повеќе во наредните недели. Од друга страна, падот на прометот на стоки е падот на прометот на стоки е само неколку проценти, што потврдува дека услужните компании поврзани со човечки транспорт, угостителство, туризам итн. ќе продолжат да бидат на удар, додека индустријата и транспортот на стоки работат добро или одлично на некои места. Последните податоци за кинеската трговија се исто така добри, се очекува раст на извозот, но задоволни сме од изненадувачкиот раст на увозот, што е добар сигнал за сите извозници и се разбира за силата на кинескиот внатрешен пазар. Во следните денови и недели можеме да очекуваме ескалација на предизборната битка во САД. За пазарите и победата на Трамп и на Бајден се добри сценарија, а лошото сценарио е долга правна битка во случај на нерешен резултат. Анкетите покажуваат силно водство за Бајден, но последните години анкетите даваа погрешни резултати неколку пати, па борбата ќе биде напната до крајот.

-Пазарите забележаа нов раст во последните денови, бидејќи се зголемија очекувањата за нов поголем стимул за економиите како резултат на брзиот раст на бројот на заразени со Ковид-19 и како резултат на посилните ограничувања на јавниот живот. Позиционирањето претежно на  институционални инвеститори кои имаат многу пари во своите портфолија, покажува дека ликвидноста во моментов е добра, па дури и малите поместувања од пари, назад кон акции можат посилно да ги придвижат берзите. Проценките не се најважни веќе подолго време, бидејќи инвеститорите се фокусираат главно на растечките приходи и на „добра приказна“, а генерираната добивка е во втор план. Оваа недела по успешното ИПО, на берзата започна да котира најголемиот полски мрежен продавач Алегро, кој одеднаш со пазарна капитализација од скоро 20 милијарди евра стана една од најголемите европски е-компании. И во овој случај проценките се чудесни за изненадување и приказната за идниот раст игра голема улога. На американските пазари, технолошките компании, особено FAANG, се вратија на нивоата пред корекцијата, како и некои кинески и други азиски технолошки компании. Од друга страна, повеќето други индустрии како финансиите и енергетиката, не привлекуваат инвеститори и остануваат како губитници оваа година. Како феникс од пепелта, европската автомобилска индустрија полека оживува, бидејќи добрата продажба на електрични автомобили и како резултат на тоа поголемите очекувања го зголемуваат интересот на инвеститорите за акциите на европските компании од автомобилската индустрија. Акциите на фармацевтските компании сè уште се многу интересни, кои и покрај тоа што се во првите редови во борбата против вирусот Ковид-19, поволните проценки и убавите дивиденди, некако сè уште не успеваат да привлечат прекумерно внимание од инвеститорите. Стабилизацијата на доларот во однос на еврото ги намали притисоците врз најголемите извозници во Европа, а пазарите на обврзници продолжуваат да се соочуваат со недостиг на понуда иако приносите остануваат на рекордно ниско ниво. Оваа недела Словенија издава 30-годишна обврзница и обезбедува ефтино финансирање за своите корона обврски.

 Совети за инвеститорите:

Повторно не ги менуваме старите препораки. Некои индустрии и акции се многу скапи, но со скапи обврзници и негативни приноси од банка, инвеститорите немаат вистинска алтернатива. Сепак, не е време за екстремности во портфолијата. Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолијата. Препорачливо е да се диверзифицираат средствата во портфолијата и да се распределат во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршка  како за обврзниците така и за акциите продолжува, а интересите на инвеститорите кој акциите од технолошкиот сектор се големи, но евентуалното намалување или повлекување на оваа поддршка може брзо да донесе до силна корекција. Исто така, вреди да се погледне надвор од технолошкиот сектор, бидејќи можностите и пред сè значително пониските проценки се појавуваат на друго место. Историјата нè учи дека индустриите со многу високи проценки имаат тенденција да даваат подпросечни приноси во следната деценија. Состојбите на светските економии се различни и неизвесната есен ветува зголемена нестабилност. Трендот на раст на пазарите, главно како резултат на технолошките акции, може да продолжи. Политичката несигурност се зголемува пред изборите во САД како и тензиите меѓу САД и Кина. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, со поголем фокус кон индустриите кои подобро ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Тука главно се вклучени акциите од здравствениот сектор, секторот потрошувачка и нега, како и технолошкиот сектор, но делови од оваа индустрија се скапи и покрај натпросечниот раст на бизнисот. Затоа, советуваме поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор бидејќи приносите на овие акции остануваат многу над просекот од почетокот на годината. Диверзификацијата на портфолиото е од суштинско значење за  намалување на ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја распределат во подолг временски период. За инвеститорите кои сакаат повеќе да ги диверзифицираат своите средства, има акции и индустрии кои се многу ефтини, но во моментов не се популарни кај инвеститорите. За трпеливите инвеститори, ова е веројатно време да се зголеми изложеноста кон овие, занемарени сегменти на пазарот.