Коментар за тековните случувања

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

– Мерките за спречување на вирусот продолжуваат да се интензивираат во повеќето земји, бидејќи бројот на пациенти и смртни случаи во светот постојано се зголемува. Сепак, ситуацијата се влошува на запад особено во Велика Британија и САД каде што се заоструваат мерките само во последните денови. Како резултат на тоа, дополнително се спречува економската активност. Сè оди во насока дека мерките ќе ескалираат или ќе се интензивираат следниве недели. Првите олеснувања се очекуваат околу 1 мај.

Сепак, ги гледаме првите знаци на смиреност во светот. Охрабрувачки податоци доаѓаат од Ломбардија, каде што се наоѓаат повеќе од 40% од сите заразени лица во моментот во Италија, во најтешко погодените градови Бергамо, Бреша, Кремона. Забележано е намалување на бројот на активно болни лица (лица кои имаат потреба од лекарска помош) во однос на претходните денови. Бројот на оздравени лица, исто така, значително порасна. Со ова, Ломбардија, која прва влезе во втората фаза (опаѓачки број на активно болни), се надева дека ќе го олесни здравството и ќе им даде потребен стимул на сите други.

Ситуацијата во Северна Македонија е исто така релативно стабилна во споредба со земјите на запад.

– Влијанието на мерките за спречување на ширењето на COVID-19 врз економската активност е сè појасно. Во првиот и во вториот квартал се очекува нагло опаѓање на економската активност, за САД овие бројки за вториот квартал сега се движат помеѓу 20% и 25%. Рецесијата се очекува да биде уште поголема во Европа. Централните банки и земјите од G20 (групи од 20 најголеми светски економии) веќе собраа 5 трилиони долари за мерките против рецесијата предизвикана од корона вирусот. Во ова учествуваат и помалите земји, како на пример Словенија со пакет помош од 3 милијарди американски долари, што претставува добри 6% од БДП. Овие мерки имаат за цел да помогнат во надминување на најлошиот период за компаниите и вработените до почетокот на јуни, кога се очекува дека животот ќе се врати во нормала.

Вирусот и економската криза се уште ја немаат достигнато својата кулминација, но во светот преовладува оптимизмот дека до лето ситуацијата ќе се нормализира, рестриктивните мерки ќе се намалат и економијата повторно ќе започне полека да ги воспоставува нарушените економски врски. Така, се очекува силен поврат на економската активност во третиот и четвртиот квартал, што делумно ќе ги компензира негативните ефекти од првиот и вториот квартал. Сепак, 2020 година ќе биде изгубена, а падот на економиите ќе биде еднаков или поголем отколку во 2009 година.

– Основа за оптимизам е бавната релаксирање на мерките во Кина, а оваа недела, исто така, и нормализирање на животот во Вухан – епицентарот на епидемијата. Но, некои ограничувања сепак остануваат, особено за оние што се враќаат во Кина. Затоа, закрепнувањето е побавно од очекувањата пред неколку месеци. Но, важно е дека економското закрепнување започна. Кога мерките во Европа и САД ќе започнат да спласнуваат за еден месец, заздравувањето ќе има нов импулс. Сепак, светот по корона вирусот нема да биде ист како порано.  За ова напишавме во претходната статија. Прочитајте повеќе овде.

Влијание врз пазарите на капитал:

– Мерките на централните банки за обезбедување ликвидност и на земјите со обид да го стабилизираат деловното опкружување се чини дека дејствуваат привремено. Валутите и големите флуктуации се смирија малку, така што промените во последната недела се многу помали од претходната недела или две. Видовме отскокнување и пораст на стапките од најниско ниво. Така, минатата недела беше забележан најголем дневен раст на индексот Dow Jones од 1933 година. Стабилизирањето на пазарот на обврзници и пари беше важно, што во следниот чекор донесе смиреност и на берзите.

Бизнисите и регулаторните органи се почесто комуницираат со пазарот во последниве денови. Заедно, тие ги менуваат и градат нови очекувања на инвеститорите. Заедничка поента е дека вирусот и поврзаната економска криза остануваат голема мистерија, но се забележуваат влијанијата врз деловното работење. Така, ЕЦБ советува внимателност при исплатата на дивиденди и при откуп на сопствените акции на сите компании од финансиската индустрија. Државите во замeнa на помош и субвенциите, бараат прекинување на исплатата на дивиденди и откуп или купување на акции од други компании. Како последица на тоа, сè повеќе компании ги повлекуваат своите деловни прогнози за 2020 и 2021 година, а исто така ги повлекуваат и предвидувањата за исплата на дивиденда и откуп на сопствени акции. Ова се забележува посебно во најпогодените индустрии, како што се туризмот, авиоиндустријата, транспортот, финансиите, итн.

Малите флуктуации на берзата им дадоа време на инвеститорите да ги преиспитаат своите одлуки за инвестирање а исто така им укажаа и можности на пазарите. Видовме дека по еден период на недискриминаторски продажба, кога инвеститорите во потрага по ликвидност ги продаваа сите свои инвестиции, некои инвестиции повторно станаа привлечни за одредени инвеститори. Одразот не беше еднаков за сите инвестиции, бидејќи некои акции се намалија за само 10% или 15%. Добриот бизнис и солидните биланси беа наградени. Исто така, на компаниите кои заштедиле простор за маневрирање (и пари) им се нудат интересни и поволни можности за превземање на конкурентите кои се во лоша состојба.

Совети за инвеститорите:

Поплавата од нови пари создадени од централните банки и држави досега успеа да го спречи падот на цените на акциите. Освен ако не дојде до значително влошување на очекувањата за рецесијата, можеме да очекуваме процесот да се придвижи нагоре во наредните недели. Инвеститорите кои имаат многу мала изложеност или воопшто немаат изложеност во хартии од вредност, во овој момент треба да размислат за влез на истиот. Препорачуваме да размислат за метод на просечна куповна цена, што значи постепен влез со не повеќе од 25%  износот за вложување. Потоа почекајте како ќе се развива ситуацијата. Сè додека трае флуктуацијата, би требало постепеното да се вложуваат преостанатите 75% од износот и тоа поделени на третини, по 25% при секој поголем пад.

Пазарот веројатно ќе осцилира уште посилно во наредните недели и месеци, а особено надолните поместувања треба да се искористат за додавање на позиции. Живееме во момент кога внимателното распределување на средствата може убаво да се надополни со просечни долгорочни приноси.

За инвеститорите со долгорочни гледишта оваа криза нема да промени ништо значајно. Со периодични плаќања, тие сега имаат можност да купат акции на добри компании со дисконт т.е. по пониска цена. Се уште има многу непознати во економиите и на пазарите на капитал, но во моментов насоката на движење на пазарот е водена главно од страв. Како и да е, минатата недела видовме дека инвеститорите направија похрабар потег за купување стабилни и одржливи компании како и акции на компаниите од здравствениот сектор.

Внимателно следење на ширењето на вирусот може да има корисен ефект врз приносите на портфолијата. Ако развојот на пандемијата е сличен на оној во Кина, што треба да биде јасно за две до три недели, може да се очекува турбулентна реакција на пазарот. Создадени се неколку трилиони свежи пари, а дел од нив ќе се влеваат на берзите.