Коментар за тековните случувања

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

– Мерките за спречување на ширењето на вирусот делуваат во повеќето земји. Во најтешко погодените земји Италија и Шпанија, вирусот се стабилизира, како и во повеќето други европски земји. Врвот во пандемијата во Велика Британија и САД најверојатно ќе се следи за седум до десет дена. Така, вниманието сега полека се префрла на планот за бавни мерки за закрепнување. Првите земји веќе откриваат подетални планови за повторно отворање на некои индустрии и за повторно воспоставување на економијата и јавниот живот во целина. Австрија и Данска се најгласни во овие планови.

– Вниманието на инвеститорите се префрла од вирусот кон закана од рецесија. Човештвото ќе го надмине вирусот, но прашањето е колку длабока ќе биде рецесијата и пред сè колку ќе трае. Сепак, сè уште се шпекулира околу можното повторување на вирусот во есен и каква ќе биде реакцијата на земјите доколку тоа се случи. Одговорот на ова е веројатно прилично јасен, бидејќи според проценките, затворањето на економиите,  повеќе не е опција поради економските штети.

– Влијанието на пандемијата врз економиите ширум светот во 2020 година ќе биде поголемо и подлабоко отколку во финансиската криза од 2008/2009 година. Според најновите податоци, падот на економскиот раст на САД ќе биде поголем од 6%, при што бројките за Европа и Германија се приближуваат кон 10%. Поради сето ова минатата недела повеќето земји најавија дополнителни мерки за ублажување на кризата. Влијанието на сите овие мерки ќе биде видливо во наредните месеци, но останува умерениот оптимизам, што е видливо и од позитивната реакција на пазарите.

– Компаниите полека ги повлекуваат проекциите за 2020 и 2021 година во последните неколку дена, бидејќи има премногу нејасни работи околу економското закрепнување и повторното започнување со работа по пандемијата. Некои компании престанаа да исплаќаат дивиденда, а дел од нив се поврзани со помошта на земјите за справување со пандемијата. Во наредните 14 дена започнува објавувањето на резултатите за Q1 2020, што ќе даде појасна слика за тоа што се случува со продажбата, профитот и маржите. Уште поважни ќе бидат проценките за Q2 како и за целата година, бидејќи тие ќе дадат слика како компаниите го оценуваат и како гледаат на развојот до крајот на годината. Секторите кои се повеќе погодени ќе бидат од посебен интерес, затоа што можеби ќе се дадат основна рамка за тоа како повторно да се воспостават моделите за вреднување на овие компании.

– Големо внимание е насочено кон Кина, која во последните десет дена моќно спроведе мерки и, како резултат на тоа, економска активност оживеа многу брзо. Остатокот од светот, исто така, се надева на кинеско сценарио, бидејќи тоа ќе донесе дополнителен оптимизам на пазарите.

 

Влијание врз пазарите на капитал

– Централните банки успеаа да ги стабилизираат пазарите и заедно со мерките на државите, обезбедија оптимизам на пазарот. По најбрзиот мечкин пазар видовме најбрз пресврт на трендот во историјата и сè уште е многу тешко да се извлечат заклучоци, но ако закрепнувањето е во облик на V, ние практично веќе сме во биков пазар. Развојот на случувањата беше неверојатно брз и повеќето потенцијални инвеститори сето тоа го гледаа од „безбедно“ растојание.

– Основното прашање што си го поставуваат инвеститорите по толку силни реакции е дали следува нова корекција или ќе видиме двојно дно (во форма W). Нема едноставен одговор на ова прашање. Судејќи според историјата на пазарите, одговорот на прашањето за двојно дно би бил позитивен. Пазарот веројатно ќе го тестира дното повторно. Но, од друга страна, сите земји и централните банки во светот во последниве два месеци создадоа уште 10,000 милијарди американски долари повратни и неповратни средства, што е огромна бројка, која може да ја промени историјата на пазарот на капитал и во голема мерка да ја намали веројатноста за двојно дно. Од друга страна, силното негативно изненадување за длабочината на кризата повторно може да донесе негативни бројки на берзата.

– Различните влијанија врз одделните сегменти на економијата стануваат се повеќе видливи. Најновите бројки покажуваат убав раст во индустријата на основните производи за широка потрошувачка, бидејќи сите купуваат храна, средства за чистење и други производи за широка потрошувачка. Ситуацијата е слична во здравствениот сектор како и кај комуналните услуги и ИТ компаниите. Акциите на овие компании паднаа многу помалку, дел од нив веќе се приближија кон старите нивоа, а некои веќе прикажуваат и позитивни бројки годинава. Од друга страна, во последниве денови можеме да видиме многу оптимизам кај најпогодените сегменти од економијата (бродовите за крстарење, воздухопловната индустрија, туризмот, хотелиерството и др.), бидејќи темпото на олабавување на мерките е нејасно и закрепнувањето е невозможно да се предвиди. Акциите на дел од овие компании пораснаа нагло, сигнализирајќи дека шпекулациите се повторно живи и дека времето за “казино” инвестирање се врати.

– Стабилизацијата на пазарите на обврзници, исто така, се искористи во целост од страна на државите и компаниите, бидејќи гледаме наплив на нови емисии на обврзници во последните десет дена, што им дава можност на трговците да заработат од тргување и арбитража, но засега не може да се очекуваат поголеми движења на пазарите на обврзници бидејќи повеќето каматни стапки се околу 0%, а централните банки целосно го користат расположливото оружје. Приносот на тој начин ќе биде минимален во овој сегмент, доколку го има, но од друга страна, инвестицијата го задржува својот безбедносен атрибут.

 

Совети за инвеститорите:

– За инвеститорите со долгорочни гледишта оваа криза не промени ништо значајно. По 2021 година, се очекува само мало влијание на вирусот врз економијата, така што инвеститорите треба да ги одржат своите инвестициски стратегии и темпото на вложување. Во изминатите недели, оние што беа малку похрабри, имаа можност да купат добри компании на попуст, но сликата не се промени значително.

– Инвеститорите кои успеале да вложат поголем дел од своите средства по нели блиску до дното (иако такви се многу малку) сега можат да ги реализираат профитите и да ги префрлат средствата во побезбедна инвестиција. Приносите на пазарот во последните десет дена се движат помеѓу 10% и 20%, што е одлично и претставува и неколкугодишен принос, па затоа реализацијата на профитите има смисла.

– Здравствените, прехрамбените, ИТ компаниите како и основните комунални услуги остануваат како најатрактивни индустрии. Нашите фондови инвестираат во акциите од овие компании, а адаптациите на  портфолија ги одразуваат очекувањата за идните случувања, така што ја задржуваме препораката за претпазлива структура на портфолиото и диверзификација на средствата помеѓу различни категории и региони.

– Пандемијата и нејзиниот одраз на пазарите покажа дека паметната инвестициска структура има огромна предност пред логиката „ Сè ќе инвестирам во најбрзо растечката инвестиција“. Затоа, ние повторно ги известуваме инвеститорите дека инвестицијата не треба да се гледа само преку споредување на апсолутни приноси, туку и преку призмата на ризик (и флуктуација) што ја носи таквата инвестиција. Кризата е добра ако научиме нешто од неа.

За крај, на сите ви посакуваме да останете во добро здравје!