Коментар за тековните случувања

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

– Бројот на заразени од вирусот Ковид-19 ширум светот опаѓа. Во поголемите земји, дневното зголемување на бројот на новозаразени лица е сè уште големо, а најизразено е во Велика Британија, Канада, Индонезија и во САД. Дневниот раст на бројот на заразени лица се зголемува исто така и во Русија, Аргентина, Мексико, Бразил, Египет, Чиле, Колумбија и неколку други земји. Гледаме дека ниту еден дел од светот не е имун. Како резултат на тоа слична е и сликата за бројот на смртни случаи, вкупниот број на смртни случаи во моментов се движи околу 250.000.000, но дневниот пораст на смртните случаи се намалува од средината на април. Во моментов во светот, секојдневно се погодени околу 4000 луѓе од вирусот. Како последица на тоа, епидемиолошките слики се прилагодуваат на одделни земји. Мора да се има предвид дека кај повеќето земји економијата буквално запре. Сега овие мерки се олабавуваат, но сепак се применуваат одредени ограничувања. Внимателноста и неизвесноста се уште се присутни кај луѓето, што исто така влијае на брзината на обновување на економијата и брзината на циркулацијата на парите. Се чини дека во поголемиот дел од светот и покрај крајот на епидемијата, многу мерки што ќе го намалат економскиот раст сепак ќе бидат присутни. Како резултат на тоа, закрепнувањето ќе биде бавно. Но, постои и страв и неизвесност од т.н. втор бран на вирусот, затоа што повеќето земји, не можат да го спречат ширењето на вирусот без одредени мерки кои, од една страна, го спречуваат ширењето а, од друга страна, го намалуваат економскиот раст и ја зголемуваат невработеноста.

– Од друга страна, државите преземаат мерки што ги ублажуваат негативните последици од застојот на економиите. Централните банки овозможија екстремно ниска цена на парите. Невработените живеат од државна помош. Кредитите на претпријатијата се репрограмираат. Компаниите кои се најмногу погодени – туризмот, авиокомпаниите, рестораните – исто така се обидуваат да ги одржат своите баланси. Некои добиваат државна помош, други нови сопственици, трети продаваат имот. Се чини дека одредени сегменти на економијата ќе имаат долгорочни последици, некои дури и структурни поместувања со променетите навики на луѓето и деловните субјекти. Но, во секоја криза има и победници. Факт е дека светот и пред кризата претрпе трансформација на економијата. Се променија начинот на работа, деловните патеки, комуникацијата на вработените, преференциите на потрошувачите. Сепак, кризата ја забрза оваа трансформација. Тоа моментално го забележуваме и во цените  на акциите, каде инвеститорите во одредени сегменти продолжуваат да забележуваат раст на приходите и на заработката во наредните години, но во други сегменти  овој раст ќе биде значително помал отколку во минатото. Продолжува позитивно да  изненадува ИТ секторот. Добро се држат и компаниите во здравствената индустрија. Има компании од други индустрии кои исто така биле добро подготвени или брзо се прилагодиле на новата ситуација.

– Со оглед на ситуацијата, пазарите на капитал продолжуваат да се држат многу добро. Вонредната ликвидна помош и нискиот принос на обврзниците на пазарот ги прават акциите релативно привлечни. Сепак, предвидувањата на централната банка сугерираат дека цената на парите ќе остане исклучително ниска. Со враќањето на економијата, цените на нафтата почнаа да се зголемуваат. Но, нафтата и нејзините акции се од релативно мало значење за развиените западни економии, така што по првичниот шок, тие веќе немаат премногу влијание врз движењето на пазарите. Постојат неколку компании од американскиот индекс S&P 500 чии цени на акции го достигнаа врвот пред кризата или веќе го надминаа. Овде може да се споменат Amazon, Google, Microsoft, Apple и Facebook, кои не се далеку од рекордното ниво. Но, факт е дека за време на кризата станавме уште позависни од овие компании односно без нив во сегашната состојба не би можеле да успееме да работиме и да се „дружиме“. Луѓето купуваат преку Интернет (Amazon), користат Google за пребарување/ електронска пошта на телефоните од Apple, ги запишуваат работите во Word и Excel и разговараат со колегите или пријателите преку Facebook.

Совети за инвеститорите:

Инвеститорите во овој момент, се прашуваат „што сега? “Моментално, не е време за големи промени, бидејќи курсевите се релативно високи, поддржани од ликвидноста на централните банки, иако има многу непознати во глобалната економија. Имаме позитивни очекувања за здравствената индустрија, основната потрошувачка и ИТ индустријата, каде гледаме најголем потенцијал за раст во оваа фаза од корона вирус кризата. Времето за поризични инвестиции ќе дојде, бидејќи постои се поголема јасност околу темпото на отворање на економиите и за самиот вирус. Балансираното портфолио е нашиот најголем сојузник во овие времиња.