Оглас за вработување: ЛИЦЕ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПРОПИСИ И ПРАВНИ РАБОТИ

Друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје, поради понатамошен развој, има потреба од кандидат за следната работна позиција: ЛИЦЕ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПРОПИСИ И ПРАВНИ РАБОТИ Работни задачи: усогласување со законска и подзаконска регулатива имплементација, усогласување и следење на групациска регулатива подготовка на документи за потребите на состаноците на Одбор на директори […]

Друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје, поради понатамошен развој, има потреба од кандидат за следната работна позиција:

ЛИЦЕ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПРОПИСИ И ПРАВНИ РАБОТИ

Работни задачи:

  • усогласување со законска и подзаконска регулатива
  • имплементација, усогласување и следење на групациска регулатива
  • подготовка на документи за потребите на состаноците на Одбор на директори и Собранието на акционери;
  • комуницирање со државните органи;
  • подготовка и проверка на договори;
  • подготовка на интерни акти на Друштвото;
  • следење на прописите и информирање за истите;
  • правно советување на органите на управување и надзор;
  • идентификување и следење на ризиците од неусогласеност на работењето со прописите;
  • активности во врска со спречување перење пари и остварување на непосредни контакти со Управата за финансиско разузнавање;
  • активности во врска со заштита на личните податоци на клиентите во фондовите и остварување на непосредни контакти со Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Услови:

  • ВСС (високо образование) –правен факултет;
  • Како предност ќе се смета претходно работно искуство поврзано со Законот за инвестициски фондови, Законот за хартии од вредност, Законот за заштита на лични податоци и Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Работно искуство од најмалку 3 години;
  • Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси;
  • Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок;
  • Способност за разрешување на проблеми;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот.

Нудиме:

  • Динамична работа;
  • Пријатна работна атмосфера и тимски дух;
  • Развој на кариерата низ соодветен тренинг.
  • Професионализам
  • Долгорочен фокус
  • Извонредност
  • Бидете дел од меѓу најголемите финансиски групации – Генерали

Работното време за оваа позиција е пон-пет 08:00-16:00.

Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци со можност за понатамошно продолжување на договорот.

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната e-mail адреса: marija.lozevska@generali-investments.mk, најдоцна до 08.08.2021 година.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју. Изборот нa кандидатот ќе биде извршен во рок од 10 дена по завршување на огласот.

За сите останати прашања поврзани со обработката на Вашите лични податоци, видете во Известувањето за приватност кое е во прилог на Огласот*, или контактирајте го Офицерот за заштита на личните податоци на marija.lozevska@generali-investments.mk.

 

*Известување за приватност на кандидати за вработување

 

  1. Краток опис на процесот на обработка на личните податоци

Селекција на кандидати за вработување во Генерали Инвесментс АД Скопје.

  1. Целта на ова известување и негов правен основ

Ние ги обработуваме Вашите лични податоци врз основа на Законот за заштита на личните податоци (Сл. Весник на РСМ бр. 42 од 16.02.2020).

Информациите во прилог на ова Известување се согласно членот 17 од Законот за заштита на личните податоци.

  1. Кој е Контролор?
  • Контролор е Генерали Инветсментс АД Скопје
  • За дополнителни информации за Генерали Инветсментс АД Скопје, посетете ја веб страната https://www.generali-investments.mk/

 

  1. За Кои лични податоци ви ги обработуваме и кој има пристап до нив?

Ние ви ги обработуваме оние лични податоци кои ги имате наведено во личната биографија што ни ја имате пратено.

Ги обработуваме податоците кои што Ве идентификуваат и Вашите контакт податоци (име, презиме, националност, датум на раѓање, e-mail адреса, телефонски број).

Исто така, може да обработуваме и друга документација која би ни ја пратиле во прилог на личната биографија, како на пример сертификати, препораки и слично.

 

До Вашите лични податоци пристап може да имаат:

Вработените одговорни за процедурата на избор на кандидати како Главниот извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје.

 

  1. Од каде ги добиваме Вашите лични податоци?

Директно од вас.

 

  1. Зошто ги обработуваме башите лични податоци и врз која законска основа?

Вашите лични податоци ги обработуваме за да избереме соодветен кандидат кој би ја пополнил отворената работна позиција.

Вашите лични податоци ги обработуваме како преддоговорна активност, односно законскиот основ на обработката е исполнување на договор каде што вие сте договорна страна или за преземање на активности на барање на субјектот на личните податоци пред негово пристапување кон договорот (чл. 10 ст. 1 ал. 2 од Законот за заштита на личните податоци).

  1. Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?

Времето на чување на Вашите лични биографии е следно:

  • За неизбраните кандидати – се бришат
  • За избраните кандидати- се чуваат до вработување
  • За кандидатите кои доставуваат лични биографии без распишан оглас – се бришат
  1. Кои се Вашите права во однос на личните податоци?

Имате право да пристапите до личните податоци што ги обработуваме за Вас и до релевантни информации кои се однесуваат за тоа како ги обработуваме. Под одредени услови, имате право да побарате да ги избришеме вашите лични податоци или да ја ограничите нивната обработка. Имате право да приговорите на нашата обработка на Вашите лични податоци, во био кое време. Ние ќе го разглоедаме Вашето Барање, ќе донесеме одлука и ќе Ве известиме за истата.

Вашето Барање може да го испратите до Генерали Инвестментс АД Скопје преку пошта во затворен плик или преку e-mail на адресата marija.lozevska@generali-investments.mk

 

  1. Како да ја повлечете вашата согласност и кои би биле последиците?

N/A (Не е применливо)

  1. Автоматско донесување на одлуки

N/A (Не е применливо)

 

  1. Право на жалба за начинот на обработка на Вашите лични податоци

Доколку имате некакви забелешки или жалби во врска со начинот на кој што Ви ги обработуваме Вашите лични податоци, во секое време може да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци на e-mail на адресата marija.lozevska@generali-investments.mk

Исто така, во секое време имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци https://dzlp.mk/prizlnlp

 

  1. Контакт информации

Ве охрабруваме да не контактирате за секое прашање или поплака која би ја имале во однос на тоа како ги обработуваме Вашите лични податоци

Доколку сакате да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци, тоа може да го сторите преку e-mail адресата marija.lozevska@generali-investments.mk, или преку пошта со назнака до Офицер за заштита на личните податоци.

Поштенската адреса на Генерали Инвестментс АД Скопје е: Генерали Инвестментс АД Скопје, Бул. Партизански одреди бр. 14A/1-2, 1000 Скопје