Соопштение за добивање одобрение на Проспекти и Статути

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 173-татa седница донесе Решение за согласност на измените и дополнувањата на Статутот и на значајните измени и дополнувања на Проспектот на три отворени инвестициски фондови со кои управува Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје. 

Промената на горенаведените документи е резултат на усогласувањето со Упатството за категоризација на инвестициски фондови донесено од страна на Комисијата за хартии од вредност со која се врши категоризација на инвестициските фондови соодветно на избраната инвестициска политика и вложувањата на фондот. Овие измени освен промена на инвестициската политика и структура на вложувањата во фондот Генерали Нова ЕУ опфаќаат и промена на името на фондот во Генерали Америка.

Имено, усогласувањето со горенаведеното Упатство се однесува на називот на инвестицискиот фонд, инвестициската политика, како и структурата на вложувањата. Измените и дополнувањата на Проспектите и Статутите на отворените инвестициски фондови ГЕНЕРАЛИ БРИК, ГЕНЕРАЛИ АМЕРИКА И ГЕНЕРАЛИ ТОП БРЕНДОВИ се извршени по приемот на Решенијата од страна на Комисијата за хартии од вредност, за одобрување на Проспектите и Статутите на отворените инвестициски фондови.

 

Содржината на Проспектите и Статутите, можете да ја прочитате на следниве линкови:

ПРОСПЕКТ АМЕРИКА

ПРОСПЕКТ БРИК

ПРОСПЕКТ ТОП БРЕНДОВИ

 

СТАТУТ АМЕРИКА

СТАТУТ БРИК

СТАТУТ ТОП БРЕНДОВИ