50% пониски влезни трошоци за еднократни уплати

Повеќе од половина од заштедените средства на македонските домаќинства се во форма на готовина и депозити. Вложувањето во инвестициски фондови е една од алтернативите со кои можете подобро да ги збогатите вашите заштеди.

Со учество во глобалните економски случувања, вложувањето во инвестициски фондови е подинамично и на долг рок нуди можност да генерирате значително повисоки приноси отколку заштеди во депозити, додека во исто време средствата ви се достапни во секое време.

Вложувањата во инвестициски фондови се погодни за сите намени:

  • поголема пензија
  • едукација на децата или нивна подобра иднина
  • купување на имот или автомобил
  • исполнување на личните желби
  • подготовка за можни тешки времиња
  • или едноставно одржување на вредноста на заштедите

 

Предностите од вложувањето во инвестициски фондови се многубројни:

  • Можност да остварите повисоки приноси од класичното штедење,со преземање на одреден ризик
  • Не ви е потребен голем износ на средства
  • Со мали износи можете да купите многу различни хартии од вредност и на тој начин да го дисперзирате инвестицискиот ризик
  • Нема временско ограничување за вложување
  • Едноставна постапка за вложување и следење на состојбата на вашиот влог
  • Регулаторната заштита – управувањето со фондовите е строго регулирано од страна на Комисија за хартии од вредност

 

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ! До крајот на октомври можете да вложувате во нашите инвестициски фондови со 50% пониски влезни трошоци за еднократните уплати.