Generali Investments потпиша договор за купување на Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје

Generali Investments Slovenija е во процес на потпишување на договор за купопродажба на Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје, преку спојувањето со својата фирма ќерка Генерали Инвестментс АД Скопје.

Generali Investments Slovenija  е во процес на потпишување на договор за купопродажба на Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје, преку спојувањето со својата фирма ќерка Генерали Инвестментс АД Скопје. Трансакцијата ќе се случи по одобрување од регулаторното тело на пазарот односно од Комисијата за хартии од вредност (КХВ).  По завршување на преземањето на Илирика, Генерали Инвестментс АД Скопје ќе го зголеми пазарното учество на 26 проценти на македонскиот пазар.

Генерали Инвестментс е основанa во 2008 година и управува со 4 инвестициски фондови кои имаат 31,3 милиони евра и приближно 2.000 клиенти. По преземањето на Илирика, компанијата ќе преземе 3 инвестициски фонда и индивидуално управувано портфолио со околу 1.900 клиенти и со тоа ќе ги зголеми средствата на управување на 46 милиони евра и 3.900 клиенти.

Генерали Инвестментс АД Скопје останува цврсто закотвена на пазарот на капитал во земјава и со оваа аквизиција ја зацврсти својата позиција како едно од најдобрите друштва за управување во регионот. Под групациската закрила на Генерали Инвестментс, се отвораат вратите за уште појак локален и интернационален развој и проширување на производите и услугите за клиентите.” изјави Luka Podlogar, Претседател на одборот на директори на Генерали Инвестментс АД Скопје.

Ние ги интегриравме нашето одлично познавање на пазарот на капитал со знаењето за локалниот и глобалниот пазар.  За сите наши клиенти наша цел е да понудиме иновативни и одлично управувани продукти кои се темелат на знаењето, ресурсите и силата на нашата Generali група” изјави Лазе Камчев, Главен извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје.

Generali е една од најголемите глобални осигурителни компании и давател на услуги за управување со средства. Основана во 1831, таа е присутна во 50 земји во светот со вкупна осигурителна премија од преку 69.7 милијарди евра во 2019. Со скоро 72.000 вработени обезбедува услуги за 61 милион клиенти. Групацијата е лидер во Европа, но и континуирано го зголемува учеството во Азија и Латинска Америка. Амбицијата на Generali е да се биде “животен- партнер” на своите клиенти нудејќи им иновативни и персонализирани решенија благодарениe на својата дистрибутивна мрежа. Generali Investments управува со 630 милијарди евра глобално и 23 милијарди евра во земјите на централна и источна Европа поради што е една од најголемите компании за управување со средства во овој регион.