Известување до сопствениците на удели

Почитувани, Ве известуваме дека на ден 14.08.2019 година, извршните директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје (во натамошен текст: Друштвото за управување), донесоа Одлуки за измени и дополнувања на Проспектите и Статутите на отворените фондови КД КЕШ ДЕПОЗИТ, КД БРИК, КД НОВА ЕУ и КД ТОП БРЕНДОВИ (во натамошниот текст: Измени и дополнувања).

Измените и дополнувањата ќе стапат во сила откако ќе бидат одобрени од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

Пречистени текстови на проспектите и статутите ќе бидат објавени на официјалната веб-страница по добивањето на одобрението на измените и дополнувањата.

Образложение

Со решението на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија бр.УП1 08-66 од 07.08.2019 година се дава одобрени за измена на назив на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје во Друштво за управување со инвестициски фондови Генерали инвестментс АД Скопје. Друштвото за управување се задолжува, по правосилноста на решението извршените промени да ги вгради во документите на фондовите.

Наведената одлука за менување на називот на фирмата се врши поради извршеното превземање на Групацијата “КД” од страна на Групацијата Generali CEE Holding од Чешка.

На основа на искуствата од тековното работење, констатирана е и потреба да се промени делот на минималната уплата во фондовите.

Дополни информации поврзани со измените да се добијат на телефонскиот број 02 60 90 300, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот како и во канцелариите на Друштвото.

Во благодариме на довербата,

КД Фондови АД Скопје