Паричен бран

Новиот бран на монетарни поплави се приближува се поблиску. При првата финансиска корекција или рецесија на финансиските пазари, централните банки брзо изреагираа. На последниот состанок, Американската централна банка (FED) потврди дека повеќе зависат од Dow Jones (индекс на акции во САД) отколку од вистинските податоци. Вистина е, сепак, дека последните објавени податоци веќе не се толку сјајни, а комуникацијата за порелаксирана монетарна политика е исто така разумна. Но, постојат мислења на одредени лидери кои повторно пишуваат црни сценарија. Одново се појавија мислењата дека Американската централна банка (FED) ќе мора да ги намали каматните стапки во негативни нивоа во следната криза. За да се стимулира економијата, дополнително ќе се користат "хеликоптерски пари", што би значело директен трансфер и сето тоа на сметка на граѓаните.

Негативните каматни стапки за Европа станаа нормални. Ако очекуваме 2019 година да биде година на нормализација на каматните стапки, ова сега ќе биде изненадување за нас. Приносите при различна рочност, кои во последните неколку дена се приближуваат кон дното, некако ја раскажуваат приказната дека општата контракција на европската економија ќе дојде порано, пред ЕЦБ да ги зголеми каматните стапки. Италија е веќе во техничка рецесија поради нејзиниот политички хаос, а Германија ја избегна за само неколку милиметри. Во следниот квартал се очекува кај многу земји да следи истата ситуација, доколку се земат во предвид Европските индекси на доверба.

Но, кога изгледа потемно, политичарите можат да го искористат својот момент. САД, Кина и ЕУ можат да постигнат договор и да го затворат поглавјето од трговски војни за некое време. Интересно е да се следи и Велика Британија, каде што излезот од ЕУ (или останувањето во ЕУ) ќе ги врати европските економии на патеките за раст, кои се гаранција за мир.

Во овој несигурен свет, уште еднаш се покажа дека обложувањата на еден коњ никогаш не се добри. Паметно е да се размислува стратешки. Во последните квартали, главна улога играше добро диверзифицираното портфолио обликувано врз основа на цели, временски хоризонти и други заштеди.

Сепак, треба да бидеме претпазливи во периодот што следи.