Опкружени сме со многубројни информации, а светот вклучувајќи ги и пазарите се менуваат многу брзо. За да донесеме добри одлуки, потребна ни е стручноста од финансиските советници. Ние ќе ви помогнеме да ја одберете вистинската инвестиција врз основа на вашите преференции, цели и способности.

Ајде да се запознаеме едни со други.

Во Генерали Инвестментс ги следиме случувањата на глобалните пазари. Ние оптимално управуваме со вашите инвестиции и се водиме од вашите цели. Познавај се себеси и вашиот профил на вложувач. Она што е битно да се запомни е дека за различни луѓе постои различна понуда на вложувачки производи.

Дали сте претпазливи или храбри?
Дефинирајте го вашиот профил на вложувач.

 

1. Колку време имате?

Научниците предвидуваат дека луѓето наскоро ќе живеат во просек по 120 години и повеќе. Тие додаваат дека, благодарение на напредокот во технологијата, едно лице може дури и да добие можност за вечна младост. Но, кога станува збор за инвестиции, зборовите "краткорочни" и "долгорочни" денес се уште го задржуваат нивното значење.

За колкав временски период би сакале да ги реализирате вашите финансиски цели?

За 5 години

Од 5 до 10 години

Повеќе од 10 години

 

Повлечете го лизгачот погоре и одберете го посакуваниот одговор.

Временскиот период за штедење е релативно краток, затоа најдобро е дел од инвестицијата да ја изложите на помал ризик, што ветува умерен пораст на вредноста на средствата, а остатокот од инвестицијата да го насочите кон акциските фондови со најмала изложеност на флуктуации на пазарите на хартии од вредност.

Вистински период за преземање на поризични инвестиции, чија вредност може да варира во пократок временски период. Како награда за преземениот ризик, ќе добиете повисоки приноси кога пазарите на хартии од вредност ќе се стабилизираат.

Имате на располагање доволно долг период за штедење што во замена за надпросечни очекувани приноси, ни овозможува да ги насочиме вашите средства во поризични инвестиции. Ова, во исто време, значи поголема изложеност на флуктуација на вредноста на имотот за време на штедењето.

Продолжи

2. Кој е вашиот животен стил?

Со развојот и брзото темпо на живот во современиот свет, се менуваат потребите и начинот на живеење кај луѓето. Во минатото, го славеле преминот од коњ на кочија, а денес автомобилот може да вози сам.

Оценете ја вашата финансиска состојба. Дознајте на што треба да се фокусирате денес за подобро утре.

  • Финансиски сум зависен од родителите, старателите
  • Независен сум, се грижам само за себе
  • Ги издржувам членовите на семејството
  • Потомците се веќе независни
  • Ги црпам заштедените средства

Изберете една од опциите

Поради напредокот во медицината и технологијата, се очекува продолжување на животниот век. Започнете со издвојување на одреден износ веднаш. Времето работи за Вас. Колку повеќе одложувате, толку повеќе плаќате.

Можете да преземете поризични инвестиции и да ги реализирате вашите желби. Сега е вистинското време да си обезбедите подобра иднина со помош на заштеди прилагодени на вашите цели.

Ова е одговорен период во вашиот живот. Секој чекор што го преземате треба да биде осмислен , за доброто на семејството. При изборот на инвестиција го земаме тоа во предвид и ќе ви го понудиме најдобриот избор за вас.

Време е да се обезбедите за пензионерските денови. Вашите заштеди не треба да бидат изложени на флуктуации во вредност. Инвестициите треба да бидат прилагодени за да ви обезбедат посигурна старосна пензија.

Иако веќе имате недвижен имот од други инвестиции, имотот мора да биде безбедно распрснат, за што подобро да се одржи неговата вредност и стандардот на живот.

Продолжи

3. Како ќе генерирате приходи во иднина?

Не само во автомобилската индустрија, исто така и во другите области, технологијата ја достигнува и надминува човечката активност . Затоа футуристите предупредуваат: потребно е да размислиме уште колку време би можеле да и служиме на работата што ја извршуваме денес.

Колку средства можете да издвојувате за заштеда?

Од 500 до 30.000 мкд месечно

Различни износи во различни периоди

Имам еднократен износ што сакам да го инвестирам

 

Повлечете го лизгачот погоре и одберете го посакуваниот одговор.

Препорачуваме редовни месечни уплати во еден од програмираните плановите за постепено вложување. Преку програмираниот план редовно вложувате средства во избраниот фонд и на тој начин постепено ја создавате и оплодувате својата заштеда. За поголема ефикасност ви препорачуваме активирање на траен налог. Поентата на вложувањето е да ги продадете вашите удели по повисока цена во однос на онаа по која сте ги купиле. Редовните уплати овозможуваат оптимално упросечување на цените по кои ги стекнувате уделите, а со тоа и поголем потенцијал за заработка.

Ние управуваме со 4 фондови и на тој начин обезбедуваме широк спектар на опции за вложување кои може да се прилагодат соодветно на условите на пазарите на капитал. Ние ќе ви помогнеме да ја направите оптималната инвестиција која ќе биде прилагодена на вашите цели.

Со помош на нашите финансиски советници ќе најдете оптимално решение околу тоа каде да ги вложите вашите средства, кое ќе биде прилагодено на вашите финансиски цели.

Продолжи

4. Донесете планирана одлука, спијте мирно

Кога донесувате инвестициски одлуки, вкупниот принос што сакате да го остварите е важна компонента што треба да се земе во предвид. Притоа, историските приноси не се гаранција за очекуваните приноси во иднина, но тие се илустрација со која можеме да создадеме појасна слика. Емоциите не можат да се исклучат, но кога се во прашање финансиските одлуки, правилно е да знаеме да ги сопреме и да го дадеме главниот збор на трезвените одлуки. Доброто планирање и јасно поставените цели ќе ни помогнат да ги оплодиме нашите пари без да си предизвикуваме дополнителни стресови поради инвестиции.

Колкав е просечниот годишен принос што го очекувате?

  • До 2%
  • До 5%
  • 8% или повеќе

Изберете една од опциите.

Не сакате да ја изложите инвестицијата на ризик, само сакате да ја одржите нејзината вредност или очекувате пониска стапка на поврат на инвестицијата. Сигурноста на инвестициите е многу важна за вас. Дури и ако вашиот целен принос се промени со текот на времето, вие сте на вистинскиот пат со инвестициските фондови. Инвестициските фондови обезбедуваат висок степен на флексибилност и можности за инвестирање, така што никогаш не е доцна да се прилагоди портфолиото на реалните очекувања.

Од вашата инвестиција, очекувате умерен раст – за возврат, подготвени сте да ги изложите вашите средства на уште поризични инвестиции. Дури и ако вашиот целен принос се промени со текот на времето, вие сте на вистинскиот пат со инвестициските фондови. Инвестициските фондови обезбедуваат висок степен на флексибилност и можности за инвестирање, така што никогаш не е доцна да се прилагоди портфолиото на реалните очекувања.

Кога инвестирате, очекувате повисоки приноси и затоа сте подготвени да ги насочите вашите средства кон поризични инвестиции, или не сте загрижени за можните корекции на финансискиот пазар. Дури и ако вашиот целен принос се промени со текот на времето, вие сте на вистинскиот пат со инвестициските фондови. Инвестициските фондови обезбедуваат висок степен на флексибилност и можности за инвестирање, така што никогаш не е доцна да се прилагоди портфолиото на реалните очекувања.

Продолжи

5. Одлучете колкав ризик можете да преземите

Вложувањата во фондови се долгорочни и се изложени на одредено ниво на ризик и флуктуација на девизните курсеви. Секој инвеститор треба да ја препознае неговата толеранција кон ризикот. Питер Линч, еден од најголемите инвеститори на сите времиња, има кажано дека “клучен орган при вложувањето е стомакот, а не мозокот”. Со други зборови, треба да сте свесни колкаво намалување во вредноста на вложените средства сте подготвени да прифатите.

Колкав пад на вредноста на влогот во период од една година сте спремни да прифатите?

До 10%

До 30%

Над 30%

ЗАВРШИ

Дефинирајте го вашиот профил на вложувач