Креирај свој план е вистински избор доколку сакате:

Да ја зголемите вредноста на вашите средства на долг рок со инвестирање во фондови.

Сами да ги креирате вашите месечни уплати.

Предности на Креирај свој план

Износот го одредувате сами

Минималниот износ е 500 МКД

Понизок ризик

 

Преку месечни уплати, се намалува ризикот од инвестирање на пазарот на капитал во несоодветен момент

Можност за
паузирање

Можност за привремено паузирање на месечните уплати или зголемување / намалување на износот на уплати

Диверзификација на портфолиото 

За диверзификација на вашето портфолио и зголемување на неговата долгорочна стабилност, вашите средства се вложуваат во повеќе видови на финансиски инструменти

Едноставен начин
на плаќање

Плаќањата се вршат автоматски преку траен налог, затоа нема простор за грижи

Флексибилност

Слобода при изборот на фонд и  дефинирање на временски период според сопствените преференции

Пристап до
вашите средства

Можете да ги повлечете вашите заштеди (целосно или делумно) во секое време

Дојдете на стручни консултации

Сигурноста на влогот, тековните примања и очекуваниот принос, се фактори коишто треба да влијаат врз одлуката како и каде да се вложува, а тие од своја страна се предодредени од возраста на поединецот, животна фаза во која тој/таа се наоѓа, работната позиција, како и индивидуалните околности. Врз база на овие фактори ќе ве советуваме кој план е најдобар за вас.

Минимален износ на месечна уплата:500 МКД
Начин на уплата: Со траен налог
Влезна провизија:Се пресметува според скалата на влезни трошоци
Излезна провизија:Нема
  • Препорачан временски период за вложување
  • 5 години или повеќе

Пристап до
вашите средства

Понизок
ризик

Флексибилност

Можност за
паузирање

Креирај свој план за постепено вложување – чекор по чекор

1

Изберете фонд

При креирањето на вашиот план, можете слободно да изберете помеѓу 3 акциски фондови

Инвеститорот избира фонд каде што сака да вложува.  Со Програмираниот план го дефинирате износот што сакате да го заштедите, при тоа временскиот период е флексибилен.

2

Тип на инвеститор

Проверете каков тип на инвестиотор сте, за да можете лесно да го одберете вашиот  план.

Кога го одредувате вашиот тип на инвеститор, треба да го земете во предвид степенот на ризик што сте спремни да го прифатите.

Пополнете и откријте каков тип на инвеститор сте

Конзервативен

Балансиран

Динамичен

Креирај свој план за конзервативен профил
Доколку вашиот профил е конзервативен, ви препорачуваме да ги инвестирате средствата во Генерали Топ Брендови.

Креирај свој план за балансиран профил
Доколку вашиот профил е балансиран, ви препорачуваме да ги инвестирате средствата во еден од следниве фондови: Генерали Топ Брендови или во Генерали БРИК.

Креирај свој план за динамичен профил
Доколку вашиот профил е динамичен, ви препорачуваме да ги инвестирате средствата во еден од следниве фондови: Генерали БРИК или Генерали НОВА ЕУ.

Вие сами го одредувате типот на програмираниот план. Кога го одредувате вашиот тип на инвеститор, треба да го земете во предвид степенот на ризик што сте спремни да го прифатите.

3

Примери за програмиран план

Погледнете ги различните вложувачки профили со соодветни комбинации на фондови и ниво на ризик *

Конзервативенi

Колкав пад на вредноста на средствата за година дена сте спремни да прифатите?
10 %

100 %

Генерали Топ Брендови

Балансиранi

Колкав пад на вредноста на средствата за година дена сте спремни да прифатите?
До 30 %

100 %

Генерали Топ Брендови

100 %

Генерали БРИК

Динамиченi

Колкав пад на вредноста на средствата за година дена сте спремни да прифатите?
Над 30 %

100 %

Генерали БРИК

100 %

Генерали Америка

*Индикаторот за синтетички ризик и принос го прикажува соодносот на потенцијалниот ризик и потенцијалниот принос на инвестициите во фондот врз основа на флуктуација на вредноста на уделот во изминатите 5 години. Историските податоци што се користат при пресметување на индикаторот не се показател за ризикот на фондот во иднина. Нема гаранција дека категоријата на ризик и соодветниот принос ќе останат стабилни, истите може да се променат со текот на времето. Најниската категорија на скалата не значи инвестиција без ризик.

Максимална излезна провизија од 5% единствено ќе биде наплатена при откуп од програмираниот план тип 2, доколку се повлечат средствата во период помал од 5 години од првата уплата, односно излезна провизија од 2,5% ќе биде наплатена од програмираниот план тип 2, доколку се повлечат средствата во период од 5 до 10 години, пред исполнување на планот.

Принтана верзија од Проспектот и Статутот на фондовите каде се наведени правилата за управување, Клучните податоци за инвеститорите и најновите ревидирани годишни и полугодишни извештаи на македонски јазик се достапни за инвеститорите во нашите канцеларии и онлајн на нашата веб страна www.generali-investments.mk.

Приносот во минатото има информативен карактер и не претставува индикација за можен принос во иднина. Промената на вредноста на уделот на секој фонд во голема мера зависи од состојбата на пазарите на капитал. Како што вредноста на уделот може да расте или да опадне, така и идните приноси може да бидат повисоки или пониски отколку оние во минатото. Постои можност инвеститорите да не можат да ги добијат сите средства кои ги вложиле во фондот додека трае периодот на инвестирање.  Цените на уделите на фондовите се објавени на нашата веб страна www.generali-investments.mk и на веб страната на Македонска Берза. Друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје управува со 4 фондови, бул. Партизански одреди 14А/1-2, 1000 Скопје.

Прикажи повеќе
Прикажи помалку

** Приносот не е гарантиран, може да биде поголем и помал од очекуваниот.

4

Промена и прилагодување на вашите цели

За време на периодот на инвестирање, можете да го промените износот за уплата во секое време за да ги прилагодите на вашите цели, желби или ситуација на пазарот.

Дојдете на стручни консултации

Сигурноста на влогот, тековните примања и очекуваниот принос, се фактори коишто треба да влијаат врз одлуката како и каде да се вложува, а тие од своја страна се предодредени од возраста на поединецот, животна фаза во која тој/таа се наоѓа, работната позиција, како и индивидуалните околности. Врз база на овие фактори ќе ве советуваме кој план е најдобар за вас.