Понеденик – Петок: 08.00 – 16.00
Е- пошта: info@generali-investments.mk
Обратете се кај нашите финансиски советници и закажете термин за средба
во нашите канцеларии
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Промена на e-mail адреси
Ве известуваме дека поради промена на името на нашата компанија, нашите e-mail адреси почнувајќи од 01.08.2024 ќе бидат заменети со нови. Имено e-mail адресите остануваат исти (име.презиме), се менува само делот со екстензијата и наместо generali-investments.mk, новите e-mail адреси отсега завршуваат со nlbfondovi.mk
Известување за промена на e-mail адреси
Понеденик – Петок: 08.00 – 16.00
Е- пошта: info@generali-investments.mk
Обратете се кај нашите финансиски советници и закажете термин за средба
во нашите канцеларии
По пристапот на инвеститорите и нивната согласност кон правилата со кои се регулира управувањето со фондовите, уплатите, преносите и откупите на удели, друштвото за управување мора да ги спроведе постапките утврдени со прописи од областа на друштвата за управување со инвестициските фондови, спречување на перење пари и финансирање на тероризам и даночните прописи. Овие правила се првенствено насочени кон подобрување на безбедноста на инвеститорите, ограничување на ризиците и спречување на можни злоупотреби.
Пресметковните единици кои се користат за да се утврди противвредноста на вложените средства се нарекуваат удели. Нивната цена се пресметува на дневна основа, согласно пазарната вредност на сите финансиски инструменти од портфолиото на фондот.
Инвеститорот станува сопственик на удели од еден или повеќе фондови со извршување на уплата на трансакциската сметка од соодветниот фонд.
Кога инвеститорот ќе изврши уплата на сметката на фондот, уплатениот износ, намален за таксата за издавање на удели, се дели со пресметаната цена на уделот за денот на кој е извршена уплатата. На тој начин се добива бројот на нови удели кои ги стекнал вложувачот. Вкупниот збир на удели кои ги поседува вложувачот, помножени со дневната цена на еден удел, ја изразуваат паричната вредност на неговата заштеда.
Доколку инвеститорите паричните средства за купување на удели ги уплатат во текот на денот (Т) до 24:00 часот, истите купуваат удели според вредноста на уделот на ден (Т) по непозната вредност. За уплатата извршена по 24:00 часот, уделите се купуваат според вредноста на поединечниот удел на наредниот ден (Т+1), исто така по непозната вредност.
Со пополнувањето на пристапница, секое физичко или правно лице може да пристапи кон Фондот и да извршува трансакции со удели. Пристапницата се пополнува на посебен формулар, изготвен од Друштвото за управување, во кој се содржани идентификациски и контакт податоци за вложувачот, како и писмена изјава со која тој изјавува дека е запознат со правилата на работење на Фондот, односно со Статутот и Проспектот и дека истите во целост ги разбира и прифаќа. Во постапката за идентификација на странката, ополномоштувачот или вистинскиот сопственик, Друштвото за управување ќе ги применува одредбите од својата Програма за определување правила, процедури и упатства за примена на мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Формуларите можат да се подигнат и пополнат секој работен ден во деловните простории на Друштвото за управување, како и преку продажната мрежа воспоставена на договорна основа.
Во зависност од можностите и целите, можете да одлучите дали ќе вложите еднократен износ на средства кои ќе ги оставите да се оплодуваат на долгорочен период или пак ќе вложувате постепено и континуирано. Секако, можете да направите и комбинација од двата типа на вложување.
Еднократна уплата за купување на удели претставува секоја уплата на сметка на фондот извршена од страна на инвеститорот без претходно дефинирана динамика. Секој инвеститор кој има намера да вложи преку еднократна уплата потребно е до Генерали Инвестментс АД Скопје да поднесе Барање за купување на удели во кое ја посочува сумата која ќе биде уплатена.
Програмирана уплата за купување на удели претставува секоја уплата на сметка на фондот која е извршена на основа на склучен програмиран план. Програмираниите планови претставуваат специјално креиран систем на тековни уплати во фондот. На овој начин можете да започнете со уплати во некој од нашите фондови, веќе од 500 денари месечно, со активирање на траен налог во банката во која ја примате Вашата плата или добивате приходи по друга основа.
Програмиран план се активира со поднесување на Барање за купување во кое се посочува избраниот тип на програмираниот план. Барање за купување кај програмираните планови се поднесува само еднаш, односно при првата уплата на средства за активирање на планот.
Програмираниот план тип 1 е наменет за вложувачи кои сакаат слобода при изборот на временскиот период, износот и динамиката на вложувањата. Кај овој тип на програмиран план, вложувачот има право на надомест на наплатениот влезен надоместок за издавање на удели, согласно условите во договорот за постепено вложување.
Основен параметар при креирањето на планот е одредување на вкупниот износ на парични средства кои постепено ќе бидат вложени во фондот.
Предностите кои ги нуди овој тип на постепено вложување се следните:
Програмираниот план тип 2 е наменет за лица кои сакаат да вложуваат редовно и долгорочно, без административни трошоци и без ограничување на вкупно уплатените средства.
Кај овој тип на програмиран план, вложувачот е целосно ослободен од наплата на влезниот надоместок за издавање на удели.
Основен параметар при креирањето на планот е одредување на рокот на негово времетраење, кој не може да биде пократок од 10 години.
По исполнувањето на условите од договорот за постепено вложување, вложувачот се ослободува и од наплата на излезниот надоместок за откуп на уделите.
Предностите кои ги нуди овој тип на постепено вложување се следните:
Нето вредноста на имотот на Фондот по удел е нето вредност на имотот на Фондот поделена со бројот на уделите на Фондот на денот на вреднување. Ден на вреднување e денот за кој се пресметува нето вредноста на имотот на Фондот. Денот на вреднување (т-1) му претходи на денот на пресметка (т) во текот на кој што се пресметува нето вредноста на имотот на Фондот.
Вкупниот број на удели на Фондот се пресметува и изразува во четири децимални места. Сите зголемувања и намалувања на бројот на удели во Фондот се пресметани и изразени во четири
децимални места. Нето вредноста на имотот на Фондот и нето вредноста на имотот по удел се пресметува секој работен ден до 16:00 часот за секој ден од годината.
Пресметувањето на нето вредноста на имотот по удел се врши согласно Правилникот за утврдување на нето вредноста на имотот на отворен и затворен инвестициски фонд и за пресметување на нето вредноста на имотот по удел или по акции во инвестицискиот фонд, донесен од страна на КХВ.
Пренос на уделите во друг фонд претставува постапка при која паралелно се врши откуп на поседуваните удели во Фондот и издавање на удели во еден од другите отворени фондови со кои управува Друштвото за управување (во натамошниот текст: Друг фонд под управување). Уделите во другиот фонд под управување се стекнуваат во противвредност на откупените удели во Фондот, со директен пренос на средствата од откупот на сметката на избраниот фонд. Сопствениците на удели можат да побараат пренос на уделите во противвредност на сите или на одреден број на поседувани удели во Фондот.
Преносот се извршува врз основа на уредно поднесено барање за пренос на удели (во натамошниот текст: Барање за пренос), во кое ќе биде јасно наведено дека средствата од откупот треба да се пренесат на сметката на другиот фонд под управување, наместо да се исплатат на трансакциската сметка на сопственикот на уделите.
Откупот на уделите во Фондот се врши според цената што одговара на вредноста на уделот, утврдена првиот нареден ден на процена по приемот на Барањето за пренос, додека уделите во другиот фонд под управување се стекнуваат според цената на уделот, утврдена за денот на кој на неговата сметка се регистрирани средствата од преносот. Во постапката за издавање на удели во другиот фонд под управување ќе се применуваат правилата и условите кои се пропишани со Статутот и Проспектот на тој фонд. Постапката за пренос на уделите не смее да трае подолго, ниту финансиски дополнително да го оптовари вложувачот, во однос на редовната постапка за откуп на уделите во Фондот и последователно купување на удели во другиот фонд под управување.
Секој сопственик на удели од Фондот има право да бара откуп нa одреден број или сите удели кои ги поседува и на тој начин да истапи од Фондот. Сопствениците на удели можат во секое време да поднесат Барање за откуп на удели (во натамошниот текст: Барање за откуп). Барање за откуп се пополнува на посебен формулар изготвен од Друштвото за управување, а истиот може да се добие во деловните простории на Друштвото за управување, како и преку продажната мрежа воспоставена на договорна основа или да се преземе од официјалната веб-страница.
При пополнувањето на Барањето на откуп, задолжително се наведува начинот на кој биле стекнати уделите кои се откупуваат (преку еднократна уплата, преку програмирана уплата по План 1 или преку програмирана уплата по План 2). Пополнетите и заверени барања за откуп можат да се поднесат директно во деловните простории на Друштвото за управување и неговите продажни партнери или да се испратат преку редовна или електронска пошта. Доколку Барањето за откуп е поднесено по електронски пат, сопственикот на уделите е должен да ги достави оригиналните примероци до Друштвото за управување, најдоцна во рок од 7 календарски дена. Дополнителна достава не е потребна во случаите кога Барањето за откуп е заверено со валиден електронски сертификат, издаден од акредитиран издавач на сертификати.
При поднесување на Барање за откуп, странката задолжително се легитимира со соодветен документ. Физичко лице се легитимира со важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош). Доколку станува збор за правно лице, легитимирањето се врши со поднесување на веродостоен документ согласно со законските прописи, како тековна состојба од регистрацијата или друг документ од надлежен орган и важечки документ за лична идентификација на овластеното/ите лице/а од регистрациониот документ .
Откупот на уделите се врши според цената што одговара на вредноста на уделот утврдена првиот нареден ден на процена по приемот на Барање за откуп на удели (во натамошниот текст: Барање за откуп). Доколку Барањето за откуп е пристигнато по 14:00 часот на тековниот ден, истото ќе се смета дека е примено наредниот ден.
Потврда за откуп и состојба на удели се издава од страна на Друштвото за управување, а на барање на инвеститорот најдоцна во рок од пет дена по извршување на исплатата од Фондот.
Друштвото за управување води Регистар на откупени удели од Фондот.
Постапка и место на исплата на уделите при нивниот откуп
Средствата од откупот на уделите се исплатуваат на сметка на сопственикот на откупените удели . Сопственикот на уделите е одговорен за потполноста и точноста на трансакциската сметка, наведена во Барањето за откуп, а на барање на Друштвото за управување или депозитарната банка, должен е да достави доказ дека истата е отворена на негово име. Друштвото за управување е должно да изврши исплата на средствата за откупените удели од Фондот најдоцна 7 (седум) календарски дена по приемот на Барањето за откуп.
Инвеститорот е должен да го извести друштвото за управување за секоја извршена промена на податоците што ги чува друштвото во негова евиденција.
Промена на податоци може да се направи со пополнување на формуларот Апликација за регистрирање/ажурирање на клиент, обезбедена од страна на друштвото за управување.
Доколку е извршена промена на име, презиме, адреса на живеење или на документот за лична идентификација, задолжително треба да се достави важечки документ за лична идентификација како доказ за извршената промена.
Промена на трансакциската сметка може да се направи лично во седиштето на друштвото за управување, само од страна на подносителот или неговиот законски застапник.
Поради зголемување на безбедноста, спречување на можна злоупотреба, што е можно побрза евиденција и со цел да се избегнат недостатоци при пополнување на обрасците, најдобро е ажурирањето на податоци да се изврши во седиштето на друштвото за управување.
Сигурноста на влогот, тековните примања и очекуваниот принос, се фактори коишто треба да влијаат врз одлуката како и каде да се вложува, а тие од своја страна се предодредени од возраста на поединецот, животна фаза во која се наоѓа, работната позиција, како и индивидуалните околности. Врз база на овие фактори ќе ве советуваме кој план е најдобар за вас.
Внесете податоци за контакт и изберете БЕСПЛАТЕН термин за советување во нашите канцеларии или оставете ги само вашите податоци за да ве контактираме и да договориме термин за лична средба.
* Полињата означени со ѕвездичка се задолжителни.
Внесете податоци за контакт и изберете БЕСПЛАТЕН термин за советување во нашите канцеларии или оставете ги само вашите податоци за да ве контактираме и да договориме термин за лична средба.
* Полињата означени со ѕвездичка се задолжителни.
Со помош на нашите совети за вложување и тематските содржини, го збогатувате вашето знаење околу вложувањето во инвестициски фондови. Пријавете се за е-весник и добивајте корисни содржини на вашиот e-mail.
Закажете термин за бесплатно советување