ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Промена на e-mail адреси

Ве известуваме дека поради промена на името на нашата компанија, нашите e-mail адреси почнувајќи од 01.08.2024 ќе бидат заменети со нови. Имено e-mail адресите остануваат исти (име.презиме), се менува само делот со екстензијата и наместо generali-investments.mk, новите e-mail адреси отсега завршуваат со nlbfondovi.mk

Известување за промена на e-mail адреси

СОРАБОТКА СО НЛБ

Како една од најбрзо растечките финансиски активности во нашата земја, инвестициските фондови стануваат сè поважен штеден и инвестициски производ. Со цел приближување на нашите услуги кон пошироката јавност, отсега можноста за вложување во нашите фондови, како и добивање повеќе информации за истите, се достапни во деловната мрежа на НЛБ Банка. Банката го препозна доброто работење на нашето Друштво и го збогати своето портфолио со продажба на нов небанкарски финансиски производ- продажба на инвестициски услуги.

ИНДИВИДУАЛНО ПОРТФОЛИО

За лицата кои се заинтересирани подлабоко да навлезат во предностите од пазарите на капитал, Нашите инвестициски советници ја превземаат одговорноста да се грижат за Вашите средства преку управувањето со Вашето лично портфолио. Тие секој ден носат инвестициски одлуки, земајќи ги во предвид Вашите лични состојби, желби и цели.

Зошто токму овој вид на управување со Вашето портфолио?

Инвеститорите ја добиваат предноста да бидат лично активни во изборот на тргувањето, додека немаат потреба постојано да ги следат пазарите и самите да ги прават потребните анализи. На страна од професионалното менаџирање на Вашето портфолио, овој производ Ви нуди и намалени трошоци на тргување, кои во спротивност се повисоки доколку самите би тргувале.

3-те главни предности од овој производ се:
  1. Професионализам: користиме структурно и дисциплинирано управување кое резултира со конзистентна инвестициска политика.
  2. Активно управување: гледаме долгорочно, додека активно ги користиме можностите од краткорочните трендови за да профитираме од одредени економски слчувања.
  3. Заштита на капиталот и глобална диверзификација: ги намалуваме ризиците од инвестирање на пазарите за хартии од вредност.

ИНВЕСТИЦИСКИ ДЕПОЗИТ

Вложувај Балансирано со Стопанска Банка а.д. Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје!

Следејќи ги динамичните финансиски трендови со цел да ги интегрираме сигурноста и инвестициите, за прв пат на пазарот креиравме нов комбиниран производ Инвестициски депозит.

Во услови кога финансискиот пазар се соочува со  намалување на каматните стапки на депозитите, овој производ претставува комбинација од орочен депозит и фонд и нуди единствена, премиум каматна стапка.

Опис на производот

Каматна стапка: 4,80%  (МКД) ; 3,55% (ЕУР)

Рок на орочување: 36 месеци

Каматна стапка: 4,50%  (МКД) ; 3,40% (ЕУР)

Рок на орочување: 25 месеци

Минимален задолжителен влог: 6.000 денари

Максимален износ: 10.000 еур во денарска противвредност

Карактеристики: Половина од средствата се орочуваат во банка како депозит, а со другата половина се купуваат удели во Генерали Топ Брендови.

Тип на каматна стапка: Фиксна

Исплата на камата: годишно, по 12 месеци од датумот на влогот

Комбинација од фонд и животно осигурување

Генерали Инвестментс го поврза инвестирањето во фондови со сигурноста на животното осигурување на Винер Лајф, Кроација Осигурување – Живот, Триглав Осигурување – Живот, Уника Лајф и Прва Живот. Создадовме нова можност за заштита на семејството. Веруваме во подобра иднина преку животна заштита.

Зошто токму овој производ?

  • Инвестирањето во акциски фонд без влезна провизија
  • Животно осигурување и инвестиција за Вас и Вашето семејство
  • Вредноста на вашата инвестиција е заштитена со валутна клаузула
  • Станувате индиректни акционери во странски познати компании
  • Професионално управување со средствата на фондот
  • Диверзификација на портфолиото по земји, валути, инструменти
  • Автоматско реинвестирање на добивката

Покрај тоа што овој производ ви овозможува да  ја обезбедите вашата иднина, дополнително ви нуди и поголем профит. Со цел да ги пресретнеме вашите потреби и желби, а во зависност од вашиот профил на вложувач ви нудиме избор помеѓу два производи – ДИНАМИЧЕН и БАЛАНСИРАН.

                                                                                                                                  Генерали Инвестментс, вашиот животен партнер

 Динамичен производ

За динамичните вложувачи, заедно со Винер Лајф,  Уника Лајф, Триглав осигурување-Живот и Прва Живот креиравме одлична комбинација од животно осигурување и инвестирање во  Генерали Топ Брендови. Ви нудиме можност сами да одлучите за распределба на средствата во осигурувањето и инвестирањето во акции во светски реномирани компании.

 Балансиран производ

За балансираните вложувачи вистинскиот избор е Гарант Инвест – инвестициско осигурување на живот во соработка со Кроациа осигурување-Живот. Производот е наменет за оние кои се подготвени да прифатат распределба на  ризикот преку комбинирано вложување – вложување во Генерали Топ Брендови, со цел остварување на повисок очекуван принос на вложените средства и вложување во осигурување на живот во случај на смрт и доживување со цел обезбедување на гарантирана осигурена сума.