Осигурете ги парите пред инфлација

Некои инвеститори стануваат сè позагрижени за растечката стапка на инфлација која се очекува во иднината. Но, што е тоа инфлација? Инфлацијата, најкратко, значи дека парите ја губат својата реална вредност. Да поедноставиме, таа ни покажува дали денес можеме да купиме еднаква количина на млеко за 100 денари, како што сме можеле пред една или две […]

Некои инвеститори стануваат сè позагрижени за растечката стапка на инфлација која се очекува во иднината. Но, што е тоа инфлација?

Инфлацијата, најкратко, значи дека парите ја губат својата реална вредност. Да поедноставиме, таа ни покажува дали денес можеме да купиме еднаква количина на млеко за 100 денари, како што сме можеле пред една или две години. Особено во сегашната фаза на ниски каматни стапки, инфлацијата треба да се земе во предвид, бидејќи често одлучува дали вашата инвестиција ќе биде профитабилна. Како инвеститор, морате да бидете внимателни и да се заштитите од инфлацијата. Во последно време, преовладува стравот дека фискалниот стимулус и високото ниво на јавни трошоци може да доведат до повисока инфлација. Умерената инфлација, генерално, се смета за добра, бидејќи обично е поврзана со позитивен економски раст и пораст на профитите на компаниите. Но, кога економијата ќе се прегрее и инфлацијата ќе се зголеми премногу, таквата состојба може да стане многу непријатна за инвеститорите на берзата.

Што се случува со инвестициите во акции за време на инфлација?

Истражувањата покажуваат, дека инвестициите во акции ја надминаа инфлацијата за 90 проценти, кога инфлацијата беше на ниско ниво, односно под 3 проценти и започна да расте. И токму во таа точка се наоѓаме и денес. За среќа, не сите сектори реагираат еднакво на инфлацијата, некои се повеќе погодени, други помалку, некои дури и имаат придобивки од самата инфлација.

Подетално, која е врската помеѓу цените на акциите и инфлацијата?

Теоретски, акциите би морале да обезбедат заштита од инфлацијата: повисоките цени доведуваат до пораст на номиналната продажба, што пак поттикнува и пораст на цените на акциите. Сепак тој ефект вообичаено се компензира со повисоки трошоци за влез на компанијата. Во пракса, ефектите од инфлацијата врз продажбата варираат во зависност од секторот и неговата можност да ги пренесе повисоките трошоци за влез на крајните корисници. Проблемот тука е тоа што, на порастот на инфлацијата, пазарот ќе реагира негативно, често дисконтирајќи ги идните парични текови со повисока стапка, бидејќи реалната вредност во иднина ќе биде помала. Сепак, некои инвеститори веројатно повеќе ќе го апсорбираат негативното влијание, додека други веројатно ќе имаат корист од него.

Како основните каматни стапки се поврзани со инфлацијата?

Инфлацијата е контролирана од страна на основната каматна стапка. Ако таа се намали, банките ќе позајмуваат повеќе пари. Понудата на пари ќе се зголеми, а со тоа и стапката на инфлација ќе се зголеми. Доколку се зголеми основната каматна стапка, банките ќе позајмуваат помалку пари од централната банка, а тоа го забавува растот на понудата на пари и ја забавува инфлацијата.

Како можеме да ги заштитиме нашите пари од инфлацијата?

Инфлацијата е постојан придружник на нашиот монетарен систем. Не дозволувајте таа да ве заплашува, но секогаш обрнувајте внимание на губењето на вредноста. Во тековната фаза на ниски каматни стапки, треба да бидете активни како инвеститор, за да се заштитите од инфлацијата. Проверете дали каматната стапка или повратот на вашата инвестиција ја надминува, или барем ја неутрализира инфлацијата. Само така ќе ги заштитите вашите пари од инфлацијата.

На долг рок, широко диверзифицираното портфолио, секогаш обезбедувало многу добра заштита од инфлацијата. Во услови на умерено зголемена инфлација, акциите се добра средина за раст на цените.

Совети за читателите

Инфлацијата е нешто што е дефинитивно постојано присутно во нашите животи, без разлика дали сме свесни за тоа или не.

Денес се зборува повеќе за неа, отколку пред една или две години, затоа што инфлацијата расте. Сепак, тоа се однесува на сите нас, без разлика дали се справуваме со тоа само како потрошувачи или како потрошувачи и инвеститори, и без оглед на тоа дали нашите заштеди се 100, 1000 или милион евра.

Како што рековме и претходно, минатото нè учи дека широко диверзифицираното портфолио секогаш обезбедувало многу добра заштита од инфлацијата во минатото.