Прослава по повод успешното ребрендирање

По повод успешното ребрендирање на Друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс (претходно КД Фондови), на 17.10.2019 во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје беше одржана прослава на која присуствуваа голем број на претставници од финансискиот сектор.

Генерали Инвестментс останува компанија која најдобро ги разбира потребите на инвеститорите, има одличен тим на експерти и долга традиција на управување со средства на пазарот. Сите предности од услугите што ги нудат остануваат непроменети, додека во исто време се отвораат врати за пристап до сите глобални извори и пазари понудени од меѓународната групацијата Generali која што според Форбс е најдобрата осигурителна компанија на светот.

Прославата ја отвори Главниот извршен директор Лазе Камчев, кој изјави: „Со интеграцијата на знаењето од центрите на Генерали Инвестментс во регионот, ќе бидеме во состојба на нашите клиенти да им ги понудиме најдобрите финансиски производи и услуги. Денес сме веќе едно модерно друштво за управување со фондови, кои изминатите години ги идентификуваше потребите на клиентите. Во таа насока стануваме финансиски супермаркет за сите комбинирани производи врзани со инвестициските фондови. Вложување во инвестициски фондови, комбинирани производи на инвестициски фондови врзани со животно осигурување и инвестициски фондови поврзани со банкарски депозити се со цел да имаме комплетна понуда во делот на активата на клиентите“.

Лука Подлогар – Претседател на Одборот на директори на Генерали Инвестментс АД Скопје и претседател на Управата на Generali Investments d.o.o Ljubljana во оваа прилика истакна: “Присуството во Северна Македонија за Generali претставува стратешка промена. Нашата групација сака да го развива бизнисот на здравите темели кои ги постави нашата брилијанта екипа од Скопје. Се радувам на развојот на финансиските услуги во Северна Македонија и имам висока доверба во развојот на македонската економија.”

На прославата присуствуваше и италијанскиот амбасадор Н.Е. Карло Ромео кој им се обрати на гостите, запознавајќи ги со почетоците на Generali во Италија и нејзиниот развој низ историјата во Европа и светот.

GENERALI GROUP

Generali е една од најголемите компании за осигурување и за управување со средства. Основана е во 1831 година, а денес е присутна во 50 земји во светот, со вкупна премија повеќе од 66 милијарди евра во 2018 година. Со скоро 71.000 вработени кои опслужуваат 61 милион клиенти, Групацијата има водечка позиција во Европа и растечко присуство во Азија и Латинска Америка. Амбицијата на Generali е да биде животен партнер на своите клиенти, нудејќи иновативни и персонализирани решенија благодарение на својата дистрибутивна мрежа. Во Австрија, Централна и Источна Европа и Русија Групацијата работи преку регионалните канцеларии Австрија, а преку регионалната канцеларија во Прага која е одговорна за регионот ЦИЕ и Русија се раководат 13 земји.

Generali Investments на глобално ниво имаат 488 милијарди евра на управување, и 20 милијарди евра средства под управување во земјите на ЦИЕ, што ја прави една од најголемите компании за управување со средства во регионот на ЦИЕ.