ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРОМЕНИ НА ПРОСПЕКТИ И НА СТАТУТИ

Поради усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за инвестицски фондови (Службен весник на РСМ бр. 150/2021), како и важечките подзаконски акти, Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје, изврши измени и дополнувања на Проспектите на отворените инвестициски фондови ГЕНЕРАЛИ БРИК, ГЕНЕРАЛИ НОВА ЕУ И ГЕНЕРАЛИ КЕШ ДЕПОЗИТ.

Имено, извршени се дополнувања во називот на Друштвото, постоечките идентификациски броеви на фондовите се заменети со нови, изменет е делот за право на информираност од поглавјето кое ги уредува Деталите за основните карактеристики на уделите на фондот, потоа изменет е делот за Претпоставки под кои е дозволено да се покрене ликвидација на фондот, изменет е рокот за издавање потврда при издавање и откуп на удели, извршени се измени во делот за Еднократните уплати за купување на удели и Програмираните уплати за купување на удели.

Извршени се дополнувања во делот на “Планирана структура на портфолиото”, поточно додаден е дел за Одбивање на уплата од одреден инвеститор, додадени се Ризикот од друга договорна страна и Оперативен ризик и воедно е одреден нивниот степен на влијание во Проспектот.

Извршена е измена во делот Надоместоци и трошоци кои се наплатуваат од инвеститорот.

Направени се дополнувања со податоци за основање на ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје и извршени се усогласување на Проспектите согласно Правилникот за утврдување на нето вредноста на имотот на отворен и затворен инвестициски фонд и за пресметување на цената по удел или по акции во инвестицискиот фонд во деловите од Проспектите кои ја регулираат оваа материја.

Измените и дополнувањата на Проспектите на отворените инвестициски фондови ГЕНЕРАЛИ БРИК, ГЕНЕРАЛИ НОВА ЕУ И ГЕНЕРАЛИ КЕШ ДЕПОЗИТ се извршени по приемот на Решенијата од страна на Комисијата за хартии од вредност, со кое се одобруваат Проспектите на отворените инвестициски фондови ГЕНЕРАЛИ БРИК, ГЕНЕРАЛИ НОВА ЕУ И ГЕНЕРАЛИ КЕШ ДЕПОЗИТ.

Поради усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за инвестицски фондови (Службен весник на РСМ бр. 150/2021), како и важечките подзаконски акти, Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје, изврши измени и дополнувања и на Статутите на отворените инвестициски фондови ГЕНЕРАЛИ БРИК, ГЕНЕРАЛИ НОВА ЕУ, ГЕНЕРАЛИ КЕШ ДЕПОЗИТ и ГЕНЕРАЛИ ТОП БРЕНДОВИ.

Содржината од Проспектите и Статутите, можете да ја прочитате на следниве линкови:

ПРОСПЕКТ НОВА ЕУ

ПРОСПЕКТ БРИК

ПРОСПЕКТ КЕШ ДЕПОЗИТ

 

СТАТУТ НОВА ЕУ

СТАТУТ БРИК

СТАТУТ КЕШ ДЕПОЗИТ

СТАТУТ ТОП БРЕНДОВИ

 

Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски

фондови ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје,

бул. Партизански одреди бр.14А/1-2, 1000 Скопје