Соопштение за согласност за промена на називите на три отворени инвестициски фондови

Ве известуваме дека Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 114 тата седница поради спроведена постапка на присоединување на Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје кон Генерали Инвестментс АД Скопје, КХВ даде согласност на измените на Статутите согласно кои се променија називите на три отворени инвестициски фондови […]

Ве известуваме дека Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 114 тата седница поради спроведена постапка на присоединување на Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје кон Генерали Инвестментс АД Скопје, КХВ даде согласност на измените на Статутите согласно кои се променија називите на три отворени инвестициски фондови и тоа на: ИЛИРИКА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА (нов назив ГЕНЕРАЛИ ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА), ИЛИРИКА КЕШ ФОНД (нов назив ГЕНЕРАЛИ КЕШ ФОНД) и ИЛИРИКА ГЛОБАЛ-РАСТЕЧКИ ПАЗАРИ (нов назив ГЕНЕРАЛИ ГЛОБАЛ-РАСТЕЧКИ ПАЗАРИ).

Повеќе информации на следниот линк.

Со почит,

Генерали Инвестментс АД Скопје