Известување за завршена процедура за спојување на ДУИФ

Ве известуваме дека со завршувањето на процедурата за спојување на ДУИФ Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје кон ДУИФ Генерали Инвестментс АД Скопје врз основа на Решението од Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија број УП1 08-138, од ден 30 декември 2020 година управувањето на отворените инвестициски фондови Илирика Југоисточна Европа, Илирика Глобал-Растечки […]

Ве известуваме дека со завршувањето на процедурата за спојување на ДУИФ Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје кон ДУИФ Генерали Инвестментс АД Скопје врз основа на Решението од Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија број УП1 08-138, од ден 30 декември 2020 година управувањето на отворените инвестициски фондови Илирика Југоисточна Европа, Илирика Глобал-Растечки Пазари, Илирика Кеш Фонд како и индивидуалното управување преминуваат под управување на ДУИФ Генерали Инвестментс АД Скопје.

Ова е прво преземање и спојување на две друштва за управување со фондови во РСМ. Сите потребни дозволи и одбренија за oваа трансакција, согласно Законот за инвестициски фондови, се претходно обезбедени од Комисијата за хартии од вредност на РСМ.

Генерали Инвестментс АД Скопје веќе управува со 7 инвестициски фондови Генерали БРИК, Генерали Нова ЕУ, Генерали Топ Брендови, Генерали Кеш Депозит, Илирика Глобал Растечки Пазари, Илирика Југоисточна Европа, Илирика Кеш Фонд како и со индивидуално управувано портфолио и следствено на тоа има зголемен број на клиенти и средствата под управување. Проспектите и Статутите на фондовите,  како и Општите услови и Договорите за Индивидуално управување, остануваат непроменети.

 

 

Со почит,

Генерали Инвестментс АД Скопје