Кога се одлучувате за штедење, заслужувате да Ве советуваат најдобрите!
Сакате да добивате БЕСПЛАТНИ е-новости со совети за вложување?
Пријавете се за нашите е-новости и збогатете го вашето знаење за вложувањето во инвестициски фондови.
Понеденик – Петок: 08.00 – 16.00
Е- пошта: info@generali-investments.mk
Обратете се кај нашите финансиски советници и закажете термин за средба
во нашите канцеларии
Кога се одлучувате за штедење, заслужувате да Ве советуваат најдобрите!
Сакате да добивате БЕСПЛАТНИ е-новости со совети за вложување?
Пријавете се за нашите е-новости и збогатете го вашето знаење за вложувањето во инвестициски фондови.
Peter Kren i Petra Lamut Kolenac
финансиски советници
Sonja Lovše Bambič, финансиски советник
Како што се разликуваме според начинот на живот, желбите и потребите, исто така се разликуваме и по начинот на штедење. Одговорете на трите прашања
1- Дали знам колку средства имам на располагање за штедење?
Тоа е износот што ви преостанува откако ќе ги подмирите трошоците за тековните месечни потреби или големи набавки во блиска иднина. Тие средства ќе ви бидат наменети за долгорочни заштеди.
2- Дали знам колку сакам да заштедам?
Поставете ја вашата финансиска цел со одговарање на ова прашање.
3 – Дали знам колку време треба да штедам?
Дефинирајте го временскиот хоризонт за штедење, бидејќи тоа ќе влијае на вашата изложеност на ризик и на тоа каде да вложувате.
Можете да вложувате редовно на месечна основа или преку еднократни уплати на различен износ во различни периоди. Не чекајте ниска цена на удел или „вистинскиот момент“ бидејќи тој се препознава само кога ќе помине. Искористете ги можностите што ви се нудат.
Имате две опции
1 – Штедење преку еднократни уплати
Можност за вложување преку еднократни уплати, на различен износ во различен период.
2 – Штедење со месечни уплати
Можност за постепено вложување преку месечни уплати во програмираните планови при тоа кирстејќи го методот за упросечување на цената. Во исто време, ова е најевтината форма на заштеда, бидејќи трошоците за влез не се наплатуваат.
Borut Šivic, финансиски советник
Peter Kren i Petra Lamut Kolenac, финансиски советници
Секој инвеститор има свој профил на вложување. Кога се одлучуваме за инвестирање, некои се воздржани и ја сметаат безбедноста на влогот поважна од приносот. Други се похрабри и се подготвени да се соочат со малку поголеми падови на вредноста на инвестицијата доколку сметаат дека тоа ќе донесе поголем принос на долг рок.
Разликуваме 5 различни профили на инвеститори:
МНОГУ ГРИЖЛИВ ИНВЕСТИТОР е спремен да ги изложи вложените средства на многу мали флуктуации. Неговата примарна цел е да ја задржи вредноста на своите средства. ПРЕПОРАКА ЗА ВЛОЖУВАЊЕ: Инвестирање на средства во паричен фонд
ВНИМАТЕЛЕН ИНВЕСТИТОР е спремен да ги изложи своите средства на помал ризик, но не и да ги изложува неговите средства на големи флуктуации. Неговата инвестициска цел е обично просечен раст на вредноста на влогот. ПРЕПОРАКА ЗА ВЛОЖУВАЊЕ: Инвестирање на средства во паричен фонд и сосем мал дел во акциски фондови со помал степен на ризик.
УМЕРЕН ИНВЕСТИТОР е спремен да ги изложи своите средства на умерен ризик. За да се достигнат над просечни приноси, тој е исто така подготвен да се соочи со умерен пад на вредноста на неговите средства за период од една година. ПРЕПОРАКА ЗА ВЛОЖУВАЊЕ: Инвестирање на средства во паричен фонд и акциски фондови со умерен степен на ризик.
ДИНАМИЧЕН ИНВЕСТИТОР е спремен да ги изложи своите средства на висок ризик. За да се достигнат надпросечни приноси, тој е исто така подготвен да се соочи со поголеми флуктуации на неговите средства. ПРЕПОРАКА ЗА ВЛОЖУВАЊЕ: Инвестирање во акциски фондови со фокус на развиени пазари.
МНОГУ ДИНАМИЧЕН ИНВЕСТИТОР е спремен да прифати надпросечен ризик. Со цел да се достигнат над просечните приноси, исто така е подготвен да се соочи со значителни флуктуации во неговите средства. ПРЕПОРАКА ЗА ВЛОЖУВАЊЕ: Инвестирање во акциски фондови со фокус на пазарите во развој.
Секој инвеститор има свој профил на вложувач. При идентификување на вашиот профил, треба да го земете предвид вашиот „субјективен“ апетит за ризик (или колку би сакале да ризикувате) и во исто време вашата „објективна“ способност да преземете ризик (колкав ризик можете да си дозволите во однос на вашиот финансиски и социјален статус).
Дознајте колкав степен на ризик сте спремни да прифатите и дефинирајте го вашиот профил на вложувач
Matej Tadej Jerman, финансиски советник
Katja Bogataj Kopriva, финансиски советник
Диверзифицирајте ги вашите инвестиции според вашата финансиска цел и профилот на вложувач.
Секогаш треба да го диверзифицирате вашето портфолио на таков начин што пад на вредноста на еден вид инвестиции нема да ве загрози. Обезбедуваме широк спектар на опции бидејќи фондовите на Генерали Инвестментс ви нудат различни можности за инвестирање.
Не е сеедно кој е вашиот инвестициски партнер. При избор на друштво за управување, земете ги во предвид:
• историјата на работење,
• вкупниот износ на средства со кои управува друштвото,
• професионализам,
• етиката на финансиските советници,
• професионалноста и перформансите на менаџерскиот тим
• и трошоците.
Изберете експерти на кои можете да им верувате. Со средствата на фондовите од Генерали Инвестментс управуваат реномирани експерти кои добиваат бројни награди за успешно управување.
Кога инвестирате, заслужувате да бидете советувани од најдобрите.
Dragana Veljić Pecman, финансиски советник
Lidija Selič, финансиски советник
Редовно следете ги вашите инвестиции.
Вашата иднина е ваша одговорност. Препорачуваме најмалку еднаш годишно да ги разгледате вашите инвестициски цели и стратегија и да процените кога ќе ви требаат средства. Заедно со вашиот финансиски советник, можете лесно да ги прилагодите вашите инвестиции во однос на состојбата на пазарот на капитал.
Внесете податоци за контакт и изберете БЕСПЛАТЕН термин за советување во нашите канцеларии или оставете ги само вашите податоци за да ве контактираме и да договориме термин за лична средба.
* Полињата означени со ѕвездичка се задолжителни.
Внесете податоци за контакт и изберете БЕСПЛАТЕН термин за советување во нашите канцеларии или оставете ги само вашите податоци за да ве контактираме и да договориме термин за лична средба.
* Полињата означени со ѕвездичка се задолжителни.
Со помош на нашите совети за вложување и тематските содржини, го збогатувате вашето знаење околу вложувањето во инвестициски фондови. Пријавете се за е-весник и добивајте корисни содржини на вашиот e-mail.
Закажете термин за бесплатно советување