ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Промена на e-mail адреси

Ве известуваме дека поради промена на името на нашата компанија, нашите e-mail адреси почнувајќи од 01.08.2024 ќе бидат заменети со нови. Имено e-mail адресите остануваат исти (име.презиме), се менува само делот со екстензијата и наместо generali-investments.mk, новите e-mail адреси отсега завршуваат со nlbfondovi.mk

Известување за промена на e-mail адреси

Податоци за фондот

годишен принос* 3-годишен принос* 5-годишен принос*
18,50 % 1,09 % 3,75 %
Генерали БРИК
Вид на фонд акциски фонд
Надоместок за депозитарна банка

Надоместокот за депозитарна банка се наплаќа од средствата на фондот, а не директно од сопствениците на удели. Надоместокот за депозитарната банка се исплаќа еднаш месечно, како збир на сите дневни вредности на надоместок за месецот на кој што се однесува пресметката.


0,35 %
Максимална влезна провизија 0% - 5 %
Максимална излезна провизија 0% - 3 % **
Управувачка провизија 3 %
Основан на 28. 10. 2008
Нето вредност на имотот од фондот 07.10.2024 (МКД) 120.948.654,24
Платежна сметка 210-0636457804-76
Идентификациски број 9110000000062

Инвестициската цел на Фондот е зголемување на вредноста на имотот, односно раст на вредноста на уделот на долг рок. Со оглед на инвестициските цели и политика, Генерали БРИК првенствено е наменет за вложувачи со долгорочен вложувачки хоризонт и повисок степен на толеранција кон ризикот, кои се решени да вложуваат совесно, дисциплинирано и континуирано, со цел оплодување на вложените средства на долг рок. Мотив за вложување во Фондот е политиката на инвестирање на најголем дел од средствата на пазарите на капитал односно во хартии од вредност на издавачи од Кина (растечка економска велесила), Индија (огромен потенцијал на образована и квалификувана работна сила), Бразил (силна економија, богатство на природни ресурси) и Русија (едно од најголемите светски наоѓалишта на нафта и природен гас). Препорачлив временски период за вложување е најмалку пет години. Износот кој е разумно да се вложи во овој фонд првенствено зависи од личните цели и можности на секој инвеститор. Поради тоа, на потенцијалните инвеститори им се препорачува пред носењето на одлуката за вложување во Генерали БРИК да ја согледаат својата имотна состојба, тековните и идни потреби за парични средства, планираниот временски период на вложување, како и личниот однос кон преземениот ризик од вложувањето.

* Податоци за ден 07.10.2024

** Излезна провизија се наплаќа единствено кога се повлекуваат средствата што се уплатени во промотивен период пред истекот на една година

Вид на ризикСтепен на влијание
Пазарен ризикВисок
Каматен ризикНизок
Кредитен ризикСреден
Ликвиден ризикСреден
Валутен ризикСреден
Ризик од промена на даночните прописиСреден
ИнфлацијаСреден
Политички ризикВисок

Графикон

ОД:

ДО:

Каде инвестира фондот?

Средствата на фондот Генерали БРИК активно се управуваат со помош на вложувања во сопственички хартии од вредност на издавачи од Бразил, Русија, Индија, Кина и останати држави во развој.

Структура на портфолиото на ден

Друго: 30.06.2024

Дојдете на стручни консултации

Сигурноста на влогот, тековните примања и очекуваниот принос, се фактори коишто треба да влијаат врз одлуката како и каде да се вложува, а тие од своја страна се предодредени од возраста на поединецот, животна фаза во која се наоѓа, работната позиција, како и индивидуалните околности. Врз база на овие фактори ќе ве советуваме кој план е најдобар за вас.

Основни документи и архива

Актуелни документи
Барање за купување

Куповните трансакции се реализираат врз основа на уредно пополнето барање за купување на удели, во кое ја наведувате сумата што сакате да ја вложите како еднократна уплата или посочувате каков тип на програмиран план да ви биде активиран.

Пополнетиот и заверен образец на Барањето за купување на удели може да го поднесете секој работен ден во деловните простории на Друштвото или преку електронската адреса: info@generali-investments.mk

Барање за откуп

Доколку сакате да извршите откуп на средства од фондот, треба да го пополните образецот барање за откуп, да го наведете точниот износ и трансакциската сметка на која што сакате да ви бидат префрлени средствата.

Пополнетиот и заверен образец на Барањето за откуп/пренос може да го поднесете секој работен ден во деловните простории на Друштвото или преку електронската адреса: info@generali-investments.mk

Доколку ви е потребна помош при пополнувањето на образецот, можете да ни се јавите на следниве телефонски броеви 02 60 90 300 или 078 424 885, секој работен ден од 09 до 15 часот.

Барање за пренос

Доколку сакате да извршите пренос на средства од еден во друг фонд, треба да го пополните образецот барање за пренос на удели, да го наведете точниот износ и името на фондот во кој што ќе бидат префрлени средствата.

Пополнетиот и заверен образец на Барањето за пренос може да го поднесете секој работен ден во деловните простории на Друштвото или преку електронската адреса: info@generali-investments.mk

Доколку ви е потребна помош при пополнувањето на образецот, можете да ни се јавите на следниве телефонски броеви 02 60 90 300 или 078 424 885, секој работен ден од 09 до 15 часот.